Прејди на содржината

Илија Димовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Димовски
Илија Димовски во 2022 година
Пратеник
На должноста
2006–2020
Лични податоци
Роден(а) 10 август 1980(1980-08-10)(44 г.)
Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје
Професија правник

Илија Димовски (10 август 1980, Титов Велес) — македонски политичар.

Младост, образование и рана кариера

[уреди | уреди извор]

Тој е роден на 10 август 1980 година во Титов Велес. Неговите родители имаат потекло од село Врбјани, охридско и село Ораов Дол, Азот. Како средношколец бил активен во различни дебатни натпревари. Бил меѓународен тренер за дебати. Како хоби се занимава со историја и планинарење. Дипломирал како правник на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Постдипломец на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје.

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]

Илија Димовски од 2006 година до 2020 бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2007 до 2015 година Димовски бил Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2015 година бил координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Како пратеник во Собранието бил член на Национален совет за евроинтеграции, на Совет на Собранискиот канал, како и на неколку комисии. Шеф бил и на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, како и член на неколку пратенички групи за соработка со други парламенти.[1]

Активности во Сообранието

[уреди | уреди извор]
  • Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, член
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател
  • Комисија за локална самоуправа, заменик-член
  • Комисија за надворешна политика, заменик член
  • Анкетна комисија за настаните во Собранието на Република Македонија случени на 1 јули 2010 година, член
  • Совет на Собранискиот канал, член
  • Постојано анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Медитеранот, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Унгарија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, претседател [2]
  1. „Илија Димовски“.
  2. „Биографии на пратеници“.