Извештајот на Броди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Извештајот на Броди (шпански: El informe de Brodie) - збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1970 година.

За збирката[уреди | уреди извор]

Во прологот, Борхес се повикува на расказите на Киплинг, велејќи дека си зема слобода да ги имитира како човек што си ја знае работата. Притоа, тој нагласува дека се обидел да ги намали директните раскази и дека, слично на оние од „Илјада и една ноќ“, расказите имаат намера да забавуваат и да предизвикуваат емоции, а не да убедуваат. Тој самиот ги оценува расказите како реалистични, а како најдобар го посочува расказот „Евангелие по Марко“, чиј заплет му го должи на еден сон на Уго Родригес Морони. Притоа, расказите се поместени далеку во просторот и во времето, со цел имагинацијата да делува со поголема слобода.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од пролог, напишан на 19 април 1970 година, во Буенос Аирес, како и 11 раскази:[2]

  • Натрапничката
  • Недостојниот
  • Приказна за Росендо Хуарес
  • Средбата
  • Хуан Мурања
  • Старата госпоѓа
  • Дуелот
  • Гвајакил
  • Евангелие по Марко
  • Извештајот на Броди

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, збирката била објавен на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 500 примероци. Преводот од шпански јазик го направил Ненад Велковски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на програмата „Сур“ при Министерството за надворешни работи и култура на Република Аргентина, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 116 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-38-3.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хорхе Луис Борхес, Извештајот на Броди. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 7-11.
  2. ЈХорхе Луис Борхес, Извештајот на Броди. Скопје: Бегемот, 2015.
  3. ЈХорхе Луис Борхес, Извештајот на Броди. Скопје: Бегемот, 2015.