Избезумен (филм од 1988)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Избезумен (англиски: Frantic) - американско-француски филм од 1988 година, во режија на Роман Полански. Главните улоги ги играат: Харисон Форд, Бети Бакли, Дејвид Хадлстоун, итн. Музиката за филмот ја компонирал Енио Мориконе. Филмот постигнал голем комерцијален успех, а истовремено добил пофални критики.[1] [2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Американскиот хирург Ричард Волкер (го игра Форд) пристигнува во Париз со својата сопруга Сондра (ја игра Бакли). Пред 20 години, тие го поминале медениот месец во истиот град. Кога се сместуваат во хотелската соба, тие откриваат дека им дале погрешен куфер. Потоа, додека Ричард се тушира, Сондра исчезнува од собата. Најпрвин, Ричард е збунет, но набргу станува избезумен, сфаќајќи дека париската полиција не сака да му помогне. Тој претпоставува дека исчезнувањето на неговата сопруга е некако поврзано со куферот. Оттука, тој сам ја започнува потрагата по неа при што, врз основа на еден телефонски број, ја наоѓа сопственичката на куферот...[3] [4]

Наводи[уреди | уреди извор]