Игнасио Рамоне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Игнасио Рамоне (2011)

Игнасио Рамоне (роден на 5 мај 1943 година во Ренодела, Шпанија) е шпански новинар и писател. Тој е главен уредник на „Л’Монд дипломатик“. Еден негов уводник што го објави во ова списание во декември 1997 година резултира со основањето на АТАК, антиглобалистичка организација која се залага за воведување на Тобиновиот данок. Исто така, Рамоне е еден од основачите на невладината организација Медија Воч Глобал и во моментот е нејзин претседател. Рамоне учествува и во Советодавниот совет на Телесур, а редовно пишува прилози и за шпанскиот весник „Ел Паис“.

Творештво[уреди | уреди извор]

Игнасио Рамоне е автор на повеќе дела од областа на медиумите и геополитиката:

  • „Гума за џвакање за очи“ (1981)
  • „Комуникацијата – жртва на трговците“ (1989)
  • „Како ни го продаваат мотото“ (1995, со Ноам Чомски)
  • „Нови моќи, нови светски господари“ (1996)
  • „Геополитика на хаосот“ (1997)
  • „Интернет, светот што доаѓа“ (1998)
  • „Бунтовници, богови и исклучени“ (1998, со Маријано Агире)
  • „Тиранијата на комуникацијата“ (1999)
  • „Геополитиката и комуникациите на крајот на милениумот“ (1999)
  • „Визуелен колач“ (2000)
  • „Тивки пропаганди: масата, телевизијата, филмот“ (2000, преведена на македонски јазик)
  • „Маркос, бунтовнички достоинственик“ (2001)
  • „Пост-телевизија“ (2002)
  • „Војните на 21-от век“
  • „Делумен и пристрасен абецедар на глобализацијата“ (2004, со Рамон Чао и Возњак)
  • „Фидел Кастро: биографија со два гласа“ (2006)