Прејди на содржината

Иван Висин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Висин
Роден(а)3 ноември 1806
Прчањ, Илирски Провинции, Француска Империја
Починал(а)17 август 1868(1868-08-17) (возр. 61)
Прчањ, Кралство Далмација, Австроунгарија
ЗанимањеМорепловец
Познат(а) поВтор Хрват на пат околу светот

Иван (Иво) Визин (или Иво Визин) (3 ноември 1806 17 август 1868 ) ― австриски морепловец и истражувач од хрватска народност. По Магелан, тој бил шестиот морепловец и втор Хрват што го препловил светот.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Се родил во Прчањ, Бока Которска во католичко семејство со потекло од Истра, за време на окупацијата на Бока Которска од страна на Француското Царство. Поморската кариера ја започнал уште на 12 години како „бродски мали“, а капетанскиот испит го положил во Трст.

Капетан Висин и поручникот Фридрих Белавита, заедно со девет членови на екипажот тргнале на пат околу светот на 11 февруари 1852 година со бродот Сплендидо од Антверпен, со хабсбуршко знаме.[1] Бродот бил долг 30 метри, со носивост 311 тони. Висин тргувал на местата што ги посетил, пловејќи по Тихиот Океан и Кинеското Море. Нивната рута била: Антверпен - ’рт Хорн - Сан Франциско - Хонолулу - Сингапур - Бангкок - Хонгконг - ’Рт на Добрата Надеж - Плимут - Трст. Во Трст стигнале на 10 август 1859 година. На ова патување, едреникот поминал 100 000 морски милји.

Царот Франц Јосиф го одликувал капетанот Висин со почесно знаме за заслуги во трговската морнарица и со витешки крст од редот „Франц Јозеф“.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Историски лексикон на Црна Горa, Daily Press, Подгорица 2006.