ИЛИ врата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ИЛИ капија)
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A ИЛИ B
0 0 0
0 1 1
1 0 1
1 1 1

ИЛИ врата, ИЛИ коло или ИЛИ капија (англиски: OR gate) – дигитална логичка врата која извршува логичка дисјункција, нејзиниот излез ја следи таблицата на вистинитоста прикажана на десната страна. Логичка единица „1“ се добива ако кој било од влезовите е во состојба на логичка „1“[1].

Едноставен пример на логичката функција ИЛИ се 2 прекинувачи паралелно споени со батерија и светилка во струјно коло. Ако кој било од двата прекинувачи е вклучен (логичка „1“), струјата може да тече низ светилката.

Математичко-логичко разгледување[уреди | уреди извор]

Видете ја статијата Логичка дисјункција.

Симболи[уреди | уреди извор]

Постојат 3 симбола за ИЛИ коло, обичен („воен“, „американски“), европски или правоаголен (ИЕЦ) и ДИН симбол.

Обичен ИЛИ симбол (воен, американски) Правоаголен или европски симбол ДИН симбол

Изведби[уреди | уреди извор]

CMOS ИЛИ врата
NMOS ИЛИ врата
Транзисторска ИЛИ врата
ИЛИ врата од диоди

Алтернативи[уреди | уреди извор]

Доколку на располагање нема ИЛИ коло, истото може да се изведе од НИ или НИЛИ кола, бидејќи НИ и НИЛИ колата се сметаат за „универзални кола“,[2] што значи дека истите може да се користат за да се изведат сите други.

Барано коло Изведба со НИ кола Изведба со НИЛИ кола

Хардверски опис и распоред на пиновите[уреди | уреди извор]

Дијаграм кој ја прикажува поставеноста на четири ИЛИ врати во стандардно CMOS интегрирано коло 4071

ИЛИ колата се основни логички кола и како такви постојат во ТТЛ и CMOS изведба како интегрални кола. Интегралното коло 4071 од CMOS серијата 4000 составено е од четири независни ИЛИ врати со по два влеза.

ИЛИ врати во интегралното коло 4072

Исто така постојат интегрални кола со ИЛИ врати со 3 и 4 влеза.

  • 4075: Трикратна ИЛИ врата со по 3 влеза
  • 4072: Двократна ИЛИ врата со по 4 влеза

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „OR Gate“. Hyperphysics.phy-astr.gsu.edu.
  2. Mano, M. Morris and Charles R. Kime. Logic and Computer Design Fundamentals, Third Edition. Prentice Hall, 2004. p. 73.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]