НЕ врата

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
0 1
1 0

НЕ врата (инвертор) или НЕ коло, НЕ капија (англиски: NOT gate) – дигитална логичка врата чиј излез ја следи таблицата на вистинитост прикажана на десната страна. На излезот се јавува логичка единица „1“ само кога состојбата на влезот е логичка нула „0“, а на излезот се јавува логичка нула „0“ кога на влезот состојбата е логичка единица „1“.

Значи излезот ја „негира“ или инвертира состојбата на влезот и оттаму името НЕ врата или инвертор.

Математичко-логичко разгледување[уреди | уреди извор]

Може да се каже дека НЕ вратата извршува функција на логичка негација. Подетално разгледување може да се види на „Логичка негација

Симболи[уреди | уреди извор]

Постојат 2 симбола за НЕ врата, обичен („воен“, „американски“) и правоаголен (ИЕЦ).

Обичен НЕ симбол
Правоаголен НЕ симбол

Основна компонента[уреди | уреди извор]

Инверторот се смета за основен блок во дигиталната електроника. Мемории, мултиплексери, декодери и други склопови функционално се засноваат на инверторот.

Хардверски опис и распоред на пиновите[уреди | уреди извор]

НЕ вратите постојат во ТТЛ и Технологија на комплементарни метал-оксидни полуспроводници изведби како интегрално коло.

Пример на шесткратна НE врата во дигитална ЦМОС технологија е дадена на сликата.

Сликата го прикажува распоредот на НЕ вратите во интегралното коло 4049 ЦМОС
  • ЦМОС НЕ кола:
    • 4009, 4049: шесткратна НЕ врата
  • ТТЛ НЕ кола:
    • 7404: шесткратна НЕ врата
  • ХЦМОС НЕ кола:
    • 74ХЦ04: шесткратна НЕ врата

Замена[уреди | уреди извор]

Ако нема достапно НЕ коло, може да се земе едно од универзалните логички кола НИ или НИЛИ кола и влезовите кратко да им се спојат. Со тоа се добива инвертор со еден влез.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]