ИЛИ врата
| ВЛЕЗ | ИЗЛЕЗ | |
| A | B | A ИЛИ B |
| 0 | 0 | 0 |
| 0 | 1 | 1 |
| 1 | 0 | 1 |
| 1 | 1 | 1 |
ИЛИ врата, ИЛИ коло или ИЛИ капија (англиски: OR gate) – дигитална логичка врата која извршува логичка дисјункција, нејзиниот излез ја следи таблицата на вистинитоста прикажана на десната страна. Логичка единица „1“ се добива ако кој било од влезовите е во состојба на логичка „1“[1].
Едноставен пример на логичката функција ИЛИ се 2 прекинувачи паралелно споени со батерија и светилка во струјно коло. Ако кој било од двата прекинувачи е вклучен (логичка „1“), струјата може да тече низ светилката.
Математичко-логичко разгледување
[уреди | уреди извор]Видете ја статијата Логичка дисјункција.
Симболи
[уреди | уреди извор]Постојат 3 симбола за ИЛИ коло, обичен („воен“, „американски“), европски или правоаголен (ИЕЦ) и ДИН симбол.
| Обичен ИЛИ симбол (воен, американски) | Правоаголен или европски симбол | ДИН симбол |
Изведби
[уреди | уреди извор]![]() |
Алтернативи
[уреди | уреди извор]Доколку на располагање нема ИЛИ коло, истото може да се изведе од НИ или НИЛИ кола, бидејќи НИ и НИЛИ колата се сметаат за „универзални кола“,[2] што значи дека истите може да се користат за да се изведат сите други.
| Барано коло | Изведба со НИ кола | Изведба со НИЛИ кола |
|---|---|---|
Хардверски опис и распоред на пиновите
[уреди | уреди извор]
ИЛИ колата се основни логички кола и како такви постојат во ТТЛ и CMOS изведба како интегрални кола. Интегралното коло 4071 од CMOS серијата 4000 составено е од четири независни ИЛИ врати со по два влеза.

Исто така постојат интегрални кола со ИЛИ врати со 3 и 4 влеза.
- 4075: Трикратна ИЛИ врата со по 3 влеза
- 4072: Двократна ИЛИ врата со по 4 влеза
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „ИЛИ врата“ на Ризницата ? |



