Зоја Космодемјанскаја
Зоја Космодемјанскаја | |
---|---|
13 септември 1923 - 29 ноември 1941 | |
Роден во: | Тамбовска област, СССР |
Починал во: | Московска област, СССР |
Служба во: | Советски Сојуз |
Одличја: | Ленин (орден) Херој на Советскиот Сојуз |
Зоја Антолјевна Космодемјанскаја (руски: Зо́я Анато́льевна Космодемья́нская, 13 септември 1923 - 29 ноември 1941) — советска партизанка[1] и херој на Советскиот Сојуз (доделено посмртно).[2] Таа беше една од најпознатите хероини на Советскиот Сојуз.[3][4]
На Зоја омилен предмет во училиште и беше литературата. Нејзините наставници ги истакнаа нејзините есеи поради длабокото разбирање на предметот и за сликовитоста. Списокот на автори кои таа ги читала ги вклучуваат Лав Толстој, Пушкин, Михаил Лермонтов, Николај Карамзин, Василиј Жуковски, Бајрон, Молиер, Мигел де Сервантес, Чарлс Дикенс, Волфганг фон Гете и Вилијам Шекспир.
Космодемјанскаја се приклучи на Комсомол во 1938 година. Во октомври 1941 година, сè уште средношколка во Москва, таа волонтираше за партизанска единица. На својата мајка, која се обидела да ја одврати, таа ѝ одговори: "Што можам да направам кога непријателот е толку блиску? Ако тие дојдат тука јас не би била во можност да продолжам да живеам". Од илјада луѓе кои се приклучија на единицата во октомври 1941 година само половина ја преживеале војната. Космодемјанскаја и другите партизани ја преминале линијата на фронтот и влегле во територијата окупирана од страна на Германците. На 27 ноември, 1941 година Зоја доби задача да го запали селото Петришчево, каде што германски регимент беше стациониран.
Во Петришчево, Зоја успеа да запали штали и неколку куќи. Сепак, еден селанец ја забележа и ги информирал Германците. Тие ја фатиле Зоја, таа беше мачена и испрашувана во текот на ноќта, но одби да се откаже од каква било информација. Утредента таа беше упатена кон центарот на градот и беше обесена на 18 годишна возраст.
Нејзините последни зборови биле "Другари! Зошто сте толку тажни? Јас не се плашам да умрам. Среќна сум да умрам за мојот народ!" и на Германците им рекла "Ќе ме обесите сега, но јас не сум сама. Постојат 200 милиони од нас. Вие не можете сите да не обесите."
Приказната за Зоја Космодемјанскаја стана популарна откако Правда објави една статија напишана од Петар Лидов на 27 јануари 1942 година. Новинарот слушнал за Зоја од еден постар селанец, и беше импресиониран од храброста на младата жена. Сведокот раскажал: "Тие ја обесувале а таа давала говор. Тие ја обесувале а таа им се заканувала." Во февруари, беше идентификувана и веднаш ѝ бил доделен Орден на Херој на Советскиот Сојуз.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Pravda.ru Russian women heroes of the Great Patriotic War Архивирано на 8 мај 2009 г., a photo report
- ↑ Kazimiera J. Cottam: Women in War and Resistance: Selected Biographies of Soviet Women Soldiers, ISBN 0-9682702-2-0, page 297
- ↑ The Voice of Russia: Road to Victory: Zoya Kosmodemyanskaya Архивирано на 6 април 2005 г.
- ↑ Указ Президиума Верховного Совета СССР «О присвоении звания Героя Советского Союза т. т. Гурьянову М. А., Космодемьянской З. А., Кузину И. Н., особо отличившимся в партизанской борьбы в тылу против немецких захватчиков» от 16 февраля 1942 года // Ведомости Верховного Совета Союза Советских Социалистических Республик : газета. — 1942. — 10 марта (№ 7 (166)). — С. 1.
- ↑ Mikhail Gorinov, Zoya Kosmodemyanskaya (1923–1941) Архивирано на 27 мај 2011 г., Otechestvennaya istoriia, №1, 2003, ISSN 0869-5687
|