Зоран Тошиќ
Зоран Тошиќ (р. 28 април 1987) — српски фудбалер кој игра како крило за ФК Партизан и репрезентацијата на Србија. Тој има изградено репутација како специјалист по слободни удари.
Тошиќ ја започнал својата кариера со својот локален тим Пролетер од Зрењанин, пред да го направи своето деби со Младост Лукичево.[1] Тој потоа се преселил во Банатски Двор, кои потоа се споиле со Пролетер со што се формирал Банат Зрењанин. Една година подоцна, тој потпишал за српскиот гигант Партизан, за кого играл две години пред да се пресели во Манчестер Јунајтед на Англија. Откако тој се мачел да се пробие во првиот тим на Црвените Ѓаволи, тој бил испратен на шестмесечна позајмица во германскиот Келн во јануари 2010 година, а потоа бил купен од страна на Цска Москва во Русија, во текот на летото.
Репрезентативната кариера ја започнал во 2007 година и оттогаш, Тошиќ настапил 71 пат за Србија. Тој бил дел од нивните тимови на Летните олимписки игри 2008 и на Светското првенство 2010.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Tosic, Zoran“ (српски). Посетено на 4 January 2018.