Златан Аломеровиќ
Златан Аломеровиќ (роден на 15 јуни 1991 година) е српско - германски фудбалер кој игра на позицијата голман. Моментално настапува за клубот на Јагиелонија Бјалисток во Полска.
Раниот живот, младоста
[уреди | уреди извор]Аломеровиќ е етнички Бошњак, роден во Пријепоље, во југозападна Србија (во тоа време сè уште СФР Југославија). Тој пристигнал во Германија во 1999 година на осумгодишна возраст со своето семејство и израснал во месноста Рур во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Аломеровиќ има германски и српски пасош , тој се здобил со германски пасош преку поддршка на организацијата на БВБ (тимот на Борусија Дортмунд).[1]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Борусија Дортмунд
[уреди | уреди извор]Во 1999 година, по емиграцијата на Аломеровиќ во Германија од поранешна Југославија, тој се запишал на фудбалската академијата на ТуС Хевен, а потоа се запишал една година и на академијата на клубот СВ Бомерн 05. Подоцна минал во академијата на клубот СВ Хербеде, а на крајот се запишал и на фудбалската академија на ФСВ Витен до крајот на сезоната 2005–2006.[2] Во сезоната 2006-2007, Аломеровиќ бил запишан во академијата на Борусија Дортмунд.[3]
Во сезоната 2010–2011, Аломеровиќ дипломирал на БВБ академијата во Борусија Дортмунд II каде играл во регионалната Фудбал-Регионалната лига[4] На 19 март 2011 година, Аломеровиќ го одиграл својот единствен натпревар за Борусија Дортмунд II во сезоната 2010–2011 во нерешениот натпревар од 2:2 против вториот тим на екипата на Фортуна од Диселдорф.[5] Во сезоната 2011–2012, новиот менаџер на Борусија Дортмунд II, Давид Вагнер, правел одредени системски промени и промени на позицијата голман по секој втор натпревар. Подоцна Аломеровиќ го одиграл својот прв натпревар под водство на Давид Вагнер во победата на Борусија Дортмунд II на гостински терен со 4:0 против вториот тим на Шалке 04 од Гелзенкирхен.[4][6]
Во сезоната 2012-2013, на 21 јули 2012 година, Аломеровиќ го одиграл својот прв натпревар од 2012-2013 за Борусија Дортмунд II и воедно тоа бил прв професионален фудбалски натпревар во германската 3. Лига против тимот ВфЛ Оснабрик.[7] На 18 мај 2013 година, го одиграл својот втор натпревар во сезоната 2012-2013 во победата од 1:0 на гостински терен против тимот на ВфБ Штутгарт II. На крајот на сезоната 2012-2013, Аломеровиќ бил прекомандуван во првиот тим на гигантот Борусија од Дортмунд. Во сезоната 2013-2014 во Бундеслигата тој потпишал 1 годишен договор со Борусија Дортмунд и тоа со важност до 30 јуни 2014 година.[8]
Корона Киелце
[уреди | уреди извор]На 8 јули 2017 година тој потпишал договор со екипата од полската Екстракласа лига, Корона Киелце.[9]
Признанија
[уреди | уреди извор]Клуб
[уреди | уреди извор]Борусија Дортмунд
- Освоен е ДФЛ-Суперкуп: 2014 година
Легија Гдањск
- Освоен е Полски куп: 2018–19
- Освоен е Полски Суперкуп: 2019 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Note in galleries 14/2013, S. 25
- ↑ The dream of every boy Архивирано на 9 јуни 2016 г. (in German). derwesten.de. 5 January 2010.
- ↑ Zlatan Alomerović - personal data (in German). bvb.de.
- ↑ 4,0 4,1 „Zlatan Talal benefits from the new system“ (германски). derwesten. de. Архивирано од изворникот на 2013-09-29. Посетено на 27 April 2012.
- ↑ Fortuna Düsseldorf II 2-2 Borussia Dortmund II (in German). weltfussball.de.
- ↑ Dream of Bowl, Cup and the ascent (in German). reviersport.de.
- ↑ VfL Manno and ZOLLER with opening threesome (in German). kicker.de.
- ↑ Extended goalkeeper Zlatan Talal (in German). bvb.de.
- ↑ „Nowi zawodnicy w Koronie“ (полски). 90minut. 8 July 2017. Посетено на 8 July 2017.