Прејди на содржината

Зимска салама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Примерок од зимска салама,

Зимска салама (унгарски: téliszalámi, телисалами) ― вид на унгарска салама[1] произведена по вековна традиција. Направена од свинско месо од свињата мангалица и зачини (црн пипер, јамајски пипер и друго), зимската салама е одлежувана на ладен воздух и полека е пушена. За време на постапката на суво зреење, на површината на обвивката се образува посебна благородна мувла.

Сегедската зимска салама (Szegedi téliszalámi) го добила статусот на ЗОП на Европската Унија во 2007 година,[2] по што следела будимпештанската зимска салама (Budapesti téliszalámi)а кој добила статус на ПГИ во 2009 година. Унгарското Министерство за земјоделство и рурален развој поставило многу засебни прописи за она што може да биде наречено сегедска зимска салама.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Herz salami 1888“. Архивирано од изворникот на 7 март 2016. Посетено на 19 август 2023.
  2. „Protected Designation of Origin“. Архивирано од изворникот на 4 август 2008. Посетено на 19 август 2023.
  3. „Hungarian Ministry of Agriculture“. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2012. Посетено на 19 август 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]