Зета (река)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Зета | |
---|---|
![]() | |
Земја | Црна Гора |
Слив | |
Устие | Морача |
Сливна повр. | 1.547 |
Физички особености | |
Должина | 86 km |
Зета — река во Црна Гора. Нејзиниот извор се наоѓа во падините на планината Војник и тече кон исток 86 километри каде што се слева во реката Морача северно од Подгорица.
Потекло на поимот[уреди | уреди извор]
Теоријата вели дека името „Зета“ влече корени од зборовите „жетва“ или „жито“.
Географија[уреди | уреди извор]
Реката Зета е најголемата притока на реката Морача. Хидроцентралата „Перучица“ во близина на Никшиќ ја користи водата од реката Зета за производство на електрична енергија. Потоа, реката тече низ долината Бјелопавлиќи, сè до нејзиното влевање во Морача неколку километри северно од Подгорица.
Литература[уреди | уреди извор]
![]() |
„Зета (река)“ на Ризницата ? |
- „“. Мала енциклопедија Просвета (3). (1985). Белград: Просвета.
- Марковиќ, Јован (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сараево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.