Земјотресен барок
Земјотресен барок или сеизмички барок ― стил на барокна архитектура применуван на Филипините и Гватемала, кои претрпеле уништувачки земјотреси во текот на 17 век и 18 век, каде што големите јавни згради, како што се црквите, биле повторно изградени во барокен стил за време на шпанските колонијални периоди во тие земји.[1]
Слични настани довеле до Помбаловата архитектура во Лисабон по Земјотресот во Лисабон во 1755 година и сицилијанскиот барок на Сицилија по земјотресот во 1693 година.
Особености
[уреди | уреди извор]На Филипините, уништувањето на постарите цркви од честите земјотреси ги направиле површините на црквите сè помали и пошироки; страничните ѕидови биле направени подебели и силно потпрени за стабилност при тресење. Горните конструкции биле направени со полесни материјали.[2] Наместо полесни материјали, биле ставани потенки ѕидови со постепено намалување на дебелината до највисоките нивоа.[3]
Камбанариите обично се пониски и поцврсти во споредба со камбанариите во помалку сеизмичките активни региони во светот.[4] Камбанариите се подебели на пониските нивоа, постепено стеснувајќи сè до највисокото ниво.[2] Во некои цркви на Филипините, освен што функционирале како караули против пиратите, некои камбанарии се настрана од главната црковна градба за да се избегне оштетување во случај на паѓање на камбанаријата поради земјотрес.
-
Црква „Св. Агустин“ (Манила)
-
Мороншка црква
-
Паоајска црква
-
Миагаоска црква
-
Лобочка црква
-
Лоонска црква
-
Лоајска црква
-
Анинска црква, Антике
-
Црква „Св Марија“ (Илокос Сур)
-
Панајска црква
-
Малатска црква
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Antigua’s Environs – Antigua, Guatemala". BootsnAll Indie Travel Guide. Посетено на 11 септември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 "The City of God: Churches, Convents and Monasteries" Архивирано на 12 мај 2016 г.. Discovering Philippines. Посетено на 11 септември 2022.
- ↑ Reitherman, Robert Consortium of Universities (2016). Seismic Architecture - The architecture of earthquake resistant structures, Llunji Mentor, Earthquake Spectra. Msproject. ISBN 9789940979409.
- ↑ Finch, Ric. "Antigue Guatemala-- Monumental City of the Americas". Rutahsa Adventures. Посетено на 11 септември 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Земјотресен барок: Паоајска црква во Илокос“ од Друштвото за заштита на наследството
- „Св. Петар Уертски“, црква од земјотресен барок
- Земјотресни барокни цркви во Филипините Архивирано на 12 мај 2016 г.
|