Зеленики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Buxaceae
Обична зеленика или шимшир (Buxus sempervirens)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Зелениковидни
Фамилија: Зеленики
Dumort.
Родови

Buxus (зеленика)
Pachysandra
Sarcococca
Styloceras

Зелениките (науч. Buxaceae) се мала фамилија на цветни растенија што опфаќа 4-5 рода со 90-120 видови. Растенијата се грмушки и мали дрва со космополитска распространетост. Во минатото се вбројувал и род Notobuxus, за кого подоцна е утврдено дека не е род, и дека всушност припаѓа во родот Зеленика (Buxus).[1]

Фамилијата е признаена во системот APG II (2003), но со ново разграничување што го прифаќа родот Didymeles (два вида зимзелени дрва од Мадагаскар). Поновиот систем APG III (2009) ги сместува во свој ред Зелениковидни (Buxales).

Наводи[уреди]

  1. Balthazar et al., 2000
  • Balthazar, M. von, Peter K. Endress, P. K., and Qiu, Y.-L. 2000. Phylogenetic relationships in Buxaceae based on nuclear internal transcribed spacers and plastid ndhF sequences. Int. J. Plant Sci. 161(5): 785–792 (available online).
  • Зеленики (Buxaceae), Didymelaceae, Stylocerataceae - Л. Вотсон и М.Џ. Далвиц (1992-) (англиски)