Зборофон Тар-11
Изглед
„Зборофон Тар-11“ — роман за деца на македонскиот писател Велко Неделковски од 1993 година. Книгата е објавена од издавачката куќа „Детска радост“ во рамките на библиотеката „Перуники — Современа македонска проза“. Автор на кориците и на ликовно-графичкото уредување е Димче Исаиловски. Книгата, со обем од 144 страници и со димензии од 24 сантиметри, е испечатена во РЕ Печатница, НИП „Нова Македонија“ во Скопје. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Романот се состои од 17 глави:[2]
- Ситници. Роденденско пладне. Супер-име!
- Исчекување. Предигра за главната игра. Станува интересно!
- Четврток навечер, тетин Натка и тетка Ацо! Заладување.
- Зимска пролет. Тројно задоцнување. Незгодите се нижат!
- Нешто за врските. Зборофонот станува непослушен. Многу солзи.
- Испревртен ручек. Фатете го крадецот! Во што е грешката?
- Маслен разговор. Тони плус Бубуш минус тарук! Тајфунот М.А!
- Бензинот поскапува ноќе. Риби - рипки - рибишта! Дефект.
- Автобуска измама. Триото: Гоче, Жижи, Цаци. Грешка до грешка!
- Тревник или паркинг? Попче од Средоток. Видео за еден гледач!
- М.А. како добра самовила. Го свртувам листот. Лаги, сплетки, измислици.
- Калинка што зрее во паркот. Слоботка - Ломотка! Вечерен ручек.
- Здраво Ч. Трисајловски. Распродажба на леви чевли и игра на десни стапала! Беден џепарлак.
- Евтина чоколада. Скапи шаховски мајстории. „Епидемија“ која се шири!
- Побуна во четврто „А“. Дибек во „живо“. Еклери за несоница.
- Пладневна трампа. М.А. во срцата. Запче, забна паста, заболекар.
- Прошетка без купување. Разговор без крај. Зборофон без точка!