Запросување (филм од 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Запросување (The Proposal)“
TheProposal.jpg
Официјален постер
РежисерЕн Флечер
ПродуцентАлекс Курцман
Тод Либерман
СценаристПит Чијарели
НастапуваатСандра Булок
Бети Вајт
Рајан Рејнолдс
Жанркомедија
МузикаАрон Зигман
ДистрибутерTouchstone Pictures
Премиера19 јуни 2009
Времетраење108 мин.
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$40 милиони
Бруто заработка$209,172,768

Запросување (англиски: The Proposal) е американски филм од 2009 година. Филмот на својот прв ден од прикажување заработи 13 милиони долари, и тој ден и викендот беше прв на топ листата. Филмот исто така стана и првиот филм на Сандра Булок кој во последните 10 години беше на врвот на гледаноста, макар и тоа што краеше кратко. Во една сцена од филмот, Сандра е гола и ‘стратегиски покриена’,а глумицата се насмеа дека отсега ќе се соблекува во секој нареден филм, ‘доколку е потребно за ваква заработка’

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Маргарет е немилосрдна извршна уредничка во една издавачка куќа која се соочува со можноста да биде депортирана во родната Канада. Таа мора да најде начин за да остане во САД па решава да се омажи со некого, со било кого, само за да добие виза за постојан престој. Но, се соочува со проблем - бидејќи работи премногу, таа нема никого кој би можел да биде нејзиниот вистински избор. Тука е само нејзиниот асистент Ендру, кого со години го малтретира. Тој со тешко срце, се согласува да учевствува во измамата, но под неколку негови услови - идната сопруга да се запознае со неговото необично семејство кое живее во Алјаска. Маргарет, која е навикната сè да има под своја контрола, не може да се снајде во новата средина и запаѓа во многу комични ситуации. Со плановите за венчавката пред себе и имиграционите служби зад нив, Маргарет и Ендру се договараат да се држат до првичниот план и покрај неизвесните последици што ги очекуваат.

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Сандра Булок Маргарет
Рајан Рејнолдс Ендру Пакстон
Малин Акермен Гертруд (Герт)
Мери Стинбурген Грејс Пакстон
Бети Вајт Баба Ени
Крег Нелсон Џо Пакстон

Надворешни врски[уреди | уреди извор]