Заменик (расказ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Заменик“ (француски: Le Remplaçant) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 2 јануари 1883 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Вдовицата Бондероа, која за време на бракот го инзеверувала сопругот, по неговата смрт живее мирен и повлечен живот. Меѓутоа, во разговорот меѓу двајца луѓе, едниот изнесува неверојатни подробности за неа, прераскажувајќи го она што го слушнал од еден офицер. Еден ден, додека некој војник шетал по улицата, нему му пристапила госпоѓата Бондероа која го повикала во својот дом и му понудила пари во замена на сексуални услуги. Војникот се согласил и така станал постојан платен љубовник на старицата. Меѓутоа, еден ден, тој се разболел и морал да лежи во болницата, па затоа испратил друг војник како свој заменик. Откако ја завршил задачата, војникот не сакал да ги подели парите со првиот војник и така дошло до тепачка меѓу нив. Подоцна, војниците се помириле и двајцата ѝ биел платени љубовници на г-ѓа Бондероа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Заменик“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 251-256.