Жемајте
Жемајте (литвански: Žemaitė, Самогитка), родена Јулија Бенјушевичјуте (Julija Beniuševičiūtė-Žymantienė; 4 јуни 1845 [с.с. 23 мај] in Буканте, Плунге – 7 декември 1921 во Маријамполе) — литвански писател. Со нејзините кратки раскази таа станала една од главните фигури во Литванското национално будење. Таа пишувала за селскиот живот во Литванија.
Живот[уреди | уреди извор]
Жемајте е родена во гувернаријата Ковно во Руската Империја. Како дете и било забрането да се дружи со деца од кметството и да го учи литванскиот. Нејзините биле Полинизирани и мислеле дека ако зборуваат литвански се враќаат назад во општеството. Бедата и овој тежок тогашен живот ќе бидат главни мотиви за понатамошната книжевна работа на Жемајте. Таа не одела на школо и се научила сама од многуте книги кои ги прочитала.
Таа ја поддржала Јануарската буна од 1863 година и по неколку години се омажила за Лауринас Жимантас. Во 1883 година семејството се преселило во Ужвентис. Таму се сретнала со Повилас Вишинскис, кој и дал голем број литвански списанија и ја поттикнал да пишува и да биде дел од националното будење на Литванија. Нејзиното прво дело е „Есенска вечер“ и било објавено во 1895.
Во 1912 година се преселила во Вилнус каде работела како службеник. За време на Првата светска војна таа емигрирала во Русија, а потоа во САД. Во 1921 година се вратила во Литванија и умрела истата година.
Наводи[уреди | уреди извор]
- „Žemaitė“. Encyclopedia Lituanica VI: 307–309. (1970–1978). Изд. Simas Sužiedėlis. Boston, Massachusetts: Juozas Kapočius. LCC 74-114275.
![]() |
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |