Железниот Човек 2
„Железниот Човек 2“ | |
---|---|
![]() | |
Режисер | Џон Фавро |
Продуцент | Кевин Фејц |
Главни улоги | Роберт Дауни Помладиот Гвинет Палтроу Дон Чидл Скарлет Јохансон Сем Роквел Мики Рурк Семјуел Л. Џексон |
Музика | Џон Дебни |
Кинематографија | Матеј Либатику |
Монтажа | Дан Лебентал Ричард Пирсон |
Студио | Marvel Studios Fairview Entertainment |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | април 26 2010(Ел Капитан театар) мај 7 2010 (САД) |
Времетраење | 125 минути |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $200 милиони |
Бруто заработка | $623.9 милиони |
Претходен | Железниот Човек |
Следен | Железниот Човек 3 |
Железниот Човек 2 (англиски: Iron Man 2) — американски суперхеројски филм од 2010 година, во режија на Џон Фавро. Главните улоги ги играат: Роберт Дауни Помладиот, Дон Чидл, Гвинет Палтроу, Скарлет Јохансон, Мики Рурк, Семјуел Л. Џексон и Сем Роквел. Филмот претставува второ продолжение на серијалот за суперхеројот Железниот Човек.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во овој дел, светот станува свесен дека пронаоѓачот милијардер Тони Старк (го игра Дауни Помладиот) е всушност Железниот Човек. Владата, медиумите и јавноста го притискаат да ја сподели својата технологија со армијата, но Тони не сака да ги открие тајните на околопот на Железниот Човек, бидејќи стравува дека информацијата може да стаса во погрешни раце. Во меѓувреме, Иван Ванко, чијшто татко Антон Ванко штотуку починал, се спрема да му се одмазди на Тони Старк. Оклопот што го држи Тони полека го труе него, безгрижен и безнадежен за престојната смрт. Тој одлучува да не му каже на никој за своето здравје и ја назначува Пепер Потс за директор на неговата компанија Старк Индустрис, и ја вработува Натали Рашмен за да ја замени како свој личен асистент. Тони одлучува да се трка во монашкото историско гренд прих, каде што е нападнат од Иван Ванко, но успева да го порази. Иван е уапсен, но соперникот на Старк, Џастин Хамер, го извадува од затвор и го вработува за да го надмине Старк. Тони сè уште верува дека ќе умре и држи последна роденденска забава, каде тој се опијанува и се однесува безгрижно. На неговиот пријател, американскиот полковник на воздухопловните сили, Џејмс Роудс, не му де допаѓа неговото однесување и се обидува да ја заврши роденденската работа. Тој е принуден да му го украде оклопот на Тони, Марк II, и се бори против Тони. По борбата, Роудс си заминува со оклопот и го однесува кај американската армија. Во меѓувреме, Натали Рашмен го открива својот вистински идентитет како Наташа Романоф и открива дека работи за Ник Фјури, директорот на S.H.I.E.L.D. Ник Фјури му открива на Тони дека неговиот татко, Ховард Старк, бил основачот на S.H.I.E.L.D и му ја открива причината поради која Иван Ванко сака да му се одмазди на него. Тони наоѓа начин да не биде зависен од својот оклоп и со тоа го прекинува своето труење. Хамер ги прикажува оклопите на Ванко кај експото, каде доаѓа и Старк со својот оклоп, и се случува пресврт кога Ванко ја презема контролата на неговите оклопи и го напаѓа Железниот Човек. Ванко и самиот влегува во еден оклоп и се бори против Старк и Роудс. Тие успеваат да го поразаат Ванко, подпомогнати од Наташа и Пепер. Тони потоа оди да разговара со Ник Фјури, кој претходно му понудил позиција во S.H.I.E.L.D, сега одлучува да го користи Тони само како консултант. Филмот завршува кога Старк и Роудс добиваат медали за нивниот хероизам.[1]
Улоги
[уреди | уреди извор]- Роберт Дауни Помладиот како Тони Старк / Железниот Човек
- Гвинет Палтроу како Вирџинија „Пепер“ Потс
- Дон Чидл како Џејмс „Роуди“ Роудс / Воената Машина
- Скарлет Јохансон како Наташа Романоф / Црната Вдовица (Натали Рашмен)
- Сем Роквел како Џастин Хамер
- Мики Рурк како Иван Ванко
- Семуел Л. Џексон како Ник Фјури
- Стен Ли како себеси
- Џон Фавро како Хепи Хоган
- Кларк Грег како Фил Колсон
- Лезли Биб како Кристин Еверхарт
- Џон Слетери како како Хауард Старк
- Гери Шендлинг како американскиот сенатор Стерн
- Оливиа Мун како Чеш Робертс
- Евгениј Лазарев како Антон Ванко
- Кејт Мара како американски маршал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Нова авантура на шармантниот суперхерој“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 3.
- Филмови од 2010 година
- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови со Роберт Дауни Џуниор
- Филмови со Гвинет Палтроу
- Филмови со Скарлет Јохансон
- Филмови со Мики Рурк
- Филмови со Семјуел Л. Џексон
- Филмови со Сем Роквел
- Американски научнофантастични авантуристички филмови
- Американски научнофантастични акциони филмови