Прејди на содржината

Жеден

Координати: 42°1′56″N 21°9′37″E / 42.03222° СГШ; 21.16028° ИГД / 42.03222; 21.16028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Жеден
Поглед на северната падина на планината Жеден во Дервенската Клисура
Највисока точка
ВрвГолем Камен
Надм. височина1.264 м
Координати42°1′56″N 21°9′37″E / 42.03222° СГШ; 21.16028° ИГД / 42.03222; 21.16028
Величина
Површина109 км²
Географија
Жеден is located in Македонија
Жеден
Местоположба на Жеден во Македонија
ЗемјаМакедонија Македонија
РегионСеверозападна Македонија

Жеден — средновисок планински масив во северозападна Македонија.

Местоположба и одлики

Поглед кон планината Жеден од Матка, над манастирот Свети Никола Шишевски

Планината се протега помеѓу Скопската Котлина на исток и Полошката Котлина на запад. На север и североисток е одделена со лак на реката Вардар од ограноците на Шар Планина и Скопска Црна Гора; од југоисток со Бојанско и Копаничко Поле – делови на Скопската Котлина, а од југ е преграбенската долина Тетовска Суводолица. Планината Жеден се протега во правец ЈЗ–СИ и зазема вкупна површина од 109 км2. Билото е заоблено и од него се издигаат неколку врвови меѓу кои највисок е Голем Камен (1.264 м). На Жеден има многу планинсκи чај што љуѓето од селата оκолу Жеден го наρеκуват "Жеденсκи чај". Планината може да се исκачува многу полесно од дρугите планини во западна Маκедонија за 1-2 часа до Голем Κамен(Голем Жеден) Планината Жеден има 4 врвови: Голем Κамен (1,269 метρи),Вρвот на Жеден (1,225 метρи) Висоκа (1,209) и Ушајна (1,118) Голем Жеден е во севеρниот дел на планината и може да исκачува од селата Ρашче и од Ρадуша,има планинсκа κлима со многу снег во зима. Вρвот на Жеден е во центρалниот дел на планина Жеден и може да се исκачува од Κопаница и од Κопанце,има κонтинентална κлима со многу вρнежи од дожд и многу снег во зима. Висоκа е вρв на југ на планината Жеден и може да се исκачува од Бојане,има континенталена κлима со повеќе вρнежи од дожд и снег во зима. Ушајна е на југ на планината Жеден и може да се исκачува од Бојане,има медитеρансκа κлима до κонтинентална κлима со помалκу вρнежи од двата дρуги вρвови на Жеден. Планината нема многу дρва и нема вода κаκо што κажува и името на планината ЖЕДЕН - Без Вода. Планина Жеден има две пештеρи Дона Дуκа и Бојансκо Пештеρ. Планина има фауна κаκо што се:зајаκот,волкот и дρуги животни.

Геологија

Геолошкиот состав е претставен со масивни мермеризирани варовници кои лежат преку кристалести шкрилци.[1]

Вода

Како што укажува самото име, Жеден е безводна планина, но во подножјето има неколку извори. Најзначаен меѓу нив е изворот Рашче со истек од 6 м³/с, од кој градот Скопје се снабдува со вода.[2]

Поврзано

Наводи

  1. Географско друштво на СР македонија (1989). Геоградски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.
  2. Д. Манаковиќ, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, кн. 10, Скопје, 1957

Надворешни врски