Жаба голијат
| Жаба голијат | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Колено: | Chordata |
| Класа: | Amphibia |
| Ред: | Anura |
| Семејство: | Ranidae |
| Род: | Conraua |
| Вид: | C. goliath |
| Научен назив | |
| Conraua goliath (Boulenger, 1906) | |
Жаба голијат (науч. Conraua goliath) — најголемата жаба на светот.[1] Може да порасне до 33 см во должина и тежи околу 3 кг.[1] Ова животно е со екстремно мал биотоп, најмногу е распространето во Западна Африка (близу Габон). Популацијата на жабата голијат се намалува поради уништувањето на животната средина и поради нивниот лов за домашни миленици.
Опис
[уреди | уреди извор]Во 15 примероци, нивната просечна маса е помеѓу 600 грама и 3250 грама, а должината помеѓу 17 и 32 см. Нивните очи можат да бидат до 2,5 см во пречник. Пречникот на тимпанумот (систем на сетилни органи за слушање кај жабите и инсекти) изнесува 0,5 см и е одвоен од окото за 5 см. Тие можат да слушаат, но немаат вокална торбичка.
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Жабата голијат се наоѓа во и покрај брзите реки со песочливи корита во Западна Африка.[2] Овие реки се чисти и полни со кислород. Системите на реки каде што овие жаби живеат се често густи влажни области со високи температури.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Conraua goliath“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 мај 2006.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |