Прејди на содржината

Ефтим Гашев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ефтим Гашев
Роден 1925
Скопје
Починал 5 мај, 2019 година
Скопје
Занимање писател, новинар, публицист

Ефтим Гашев ( 1925 во Скопје – починал во 5 мај 2019 во Скопје)[1] — македонски писател и публицист,[2] ревносен поборник против комунизмот и против пропагандата на велико-бугарскиот, велико-српскиот и југословенскиот шовинизам. Еден е од членовите на Македонско национално движење - „Бунт“. Борец за Македонија на македонскиот народ, за независна и обединета македонска национална држава.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Гашев е роден во Скопје во 1925 година. Образованието го завршил во родниот град. Тој е еден е од членовите на Македонско национално движење - „Бунт“ организација основана во Скопје, на 30 мај 1938 година. Во 1945 година бил осуден на 12 години робија како македонист. Објавил затворски мемоари и три книги со афоризми. Напишал и неколку необјавени монодрами. Добитник е на неколку награди за афоризам. Објавувал и дневнополитички карикатури. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Тој е автор на книгите: „Сончогледи“, „Нашата кауза“, „Непокор“, „Аритмија“ и др. Во 2015 година својата лична архива ја подарил на Државниот архив на Македонија.[3]

  1. „На 94 години почина Ефтим Гашев, публицист и осуденик за македонската кауза“. Република. 5 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2022-04-27. Посетено на 2022-05-05.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 56.
  3. Државниот архив ја презеде личната архива на Ефтим Гашев[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Непокорноста ни е во генот - Интервју со Ефтим Гашев