Прејди на содржината

Етеокритски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија


Етеокритски
?
Зборуван во: Древен Крит 
Регион: Источно Средоземно Море
Исчезнување: исчезнал кон почетокот на I милениум п.н.е.,
Јазично семејство: Изолиран или непознато
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2:
ISO 639-3: едно од следниве:
omn — Минојски
ecr — Етеокритски

Минојски јазикјазикот кој се зборувал во древен Крит. Неговиот однос со грчкиот е непознат, а бил зборуван во периодот на минојската цивилизација, пред истата да биде заменета со цивилизацијата од копнениот дел (микенската). Иако се направени напори јазикот да се поврзе со другите соседни јазици, минојскиот треба да се смета за изолиран јазик сѐ додека не се утврдат лингвистички сличности со други јазици. Минојскиот се пишувал со линерано писмо А, слоговно писмо кое се употребувало нашироко сѐ до 1420 п.н.е., главно за верски записи и управно-административна евиденција во минојската цивилизација.

Етеокритскиот (т.е. „вистински критски“) јазик веројатно води потекло од минојскиот и главно се пишувал со писмо изведено од евбејското, и истото редовно се користело по Грчкото темно доба, иако линеарните писма и натаму продолжиле да се користат паралелно, во облик на неколку верски записи. Најдени е етеокритски записи од VII до III век п.н.е., пишани на локалната архаична грчка азбука и јонската грчка азбука. Пронајдени се пет написи за кои со сигурност се знае дека се етеокритски - два во Дрерос и три во Пресос, во критската префектура Ласити. Најдени се неколку други написи кои може да бидат етеокритски.

Теории на дешифрирање

[уреди | уреди извор]

За етеокритскиот јазик се знае многу малку, освен тоа дека постои можност да потекнува од јазикот запишан на плочки со линеарното писмо А.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]