Естонска евангелистичко-лутеранска црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Естонска евангелистичко-лутеранска црква
Estonian Evangelical Lutheran Church arms.gif
Лого на црквата
Дел од Протестантство
Ориентација Лутеранство
Политика Епископско-синодски
Асоцијации Светска лутеранска федерација,
Светски црковен совет,
Конференција на европските цркви,
Декларација Порво
Заедница на протестантските цркви во Европа
Распространетост Естонија
Потекло 1917
Верници 164
Членови 180.000 (2014)[1]
Официјално мрежно место http://www.eelk.ee/

Естонска евангелистичко-лутеранска црква (естонски: Eesti Evangeelne Luterlik Kirik, скратено ЕЕЛЦ) — лутеранска црква во Естонија. ЕЕЛЦ е членка на Светската лутеранска федерација и припаѓа на Заедницата на протестантски цркви во Европа. Исто така е член на Декларацијата Порво, ставајќи го во црковна унија со Црквата на Англија и другите англикански цркви во Европа.

Историја[уреди | уреди извор]

Естонската евангелистичко-лутеранска црква (ЕЕЛЦ) била создадена во 1949 година, кога претходната црковна хиерархија, предводена од епископот Јохан Кеп, побегнала во Шведска во 1944 година. Кога Советскиот сојуз ја окупирал Естонија во 1940 година, повеќето христијански организации биле распуштени, црковниот имот бил запленет, теолозите биле избркани на Сибир, а верските образовни програми целосно укинати. Подоцна, Втората светска војна донела уништување на многу цркви. До 1988 година, црковните активности не биле обновени, кога започнало да се јавува движење за верска толеранција во Советскиот сојуз.

Иако жените учеле теологија на Тартскиот универзитет во 1920-тите години и некои од нив станале свештеници, до 1967 година немало жени, кога за прв пат Лаине Вилентал станала свештеничка.

Водство[уреди | уреди извор]

Црквата на Естонија е епископска и моментално е предводена од пет епископи, вклучувајќи го архиепископот, кој е примат. По повлекувањето на Андрес Пидер како архиепископ, моменталниот архиепископ е Урмас Вилма, воведен на 2 февруари 2015 година. Архиепископот на Естонската евангелистичко-лутеранска црква во странство е Андрес Таул, исто така свештеник на Лутеранската црква-Канада.

Членство[уреди | уреди извор]

До февруари 2009 година, ЕЕЛЦ имала околу 160.000 крстени членови, додека црквата во странство (со седиште во Канада) имала околу 8.000 членови.[2] Во 2014 година, Светската лутеранска федерација објавила број од пријавени членови од 180.000.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Цркви во Естонија“. Светска лутеранска федерација. https://www.lutheranworld.org/country/estonia. посет. 16 февруари 2016 г. 
  2. LWF Statistics 2009
  3. „Цркви во Естонија“. Lutheran World Federation. https://www.lutheranworld.org/country/estonia. посет. 16 февруари 2016 г. 

Надворешни врсли[уреди | уреди извор]