Епистоларен роман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Епистоларен роман — вид на роман кој е раскажан како збир од документи, најчесто писма. Под поимот се подразбираат и романи кои се напишани како дневници или исечоци од весник. Од неодамна, електронски „документи“ како радио снимки, блогови и е-пошта се влезени во употреба. Зборот епистоларен доаѓа од старогрчкото ἐπιστολή epistolē, што значи писмо. Преку оваа форма, писателот може да покаже разновидни гледни точки на различни ликови, наместо да се потпира на вообичаената техника на сезнаечки наратор.

Познати примери од светската книжевност се романите: Страдањата на младиот Вертер на Јохан Волфганг фон Гете, Дракула на Брем Стокер и Опасни врски на Пјер Шодерло де Лакло. Во поново време популаризирани се романи кои во целост претставуваат интимен дневник на некој од ликовите, a многу романи и делумно користат писма или извадоци од весник со цел зајакнување на вистинитоста на настаните.


Наводи[уреди | уреди извор]