Емсхавен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емсхавен
Пристаништето Емсхавен
Пристаништето Емсхавен
ЗемјаХоландија
ПокраинаГронинген
ОпштинаЕмсмонд
Население (2017)5
Мреж. местоМатична страница

Емсхавен (холандски изговор: [eːmsˈɦaːvə(n)]; англиски: Ems Harbor) е пристаниште во прокраината  Гронинген во северниот дел на Холандија. Населението во јануари 2017 година, во оваа област изнесувало само 5 жители.[1]

Во 1968 година, холандската влада ги прогласила реката Емс и утоката Естуар  во општината (Емсомонд) да бидат економско копче на регионот. Една од клучните работи за регионот била изградбата на морското пристаниште наречено Емсхавен. Пристаништето било официјално отворено од страна на нејзиното Височество кралицата Јулијана, во 1973 година. Индустријата и превозот се развивале бавно на оваа локација. Во 2013 година, траект услуга го поврзала пристаништето со германскиот островот Боркум.[2]

Голем број на електрани работат на оваа локација. Електрабел и НУОН работат на гас[3][4] додека РВЕ Иноги работи преку ветерна фарма.[5] РВЕ оперира со фабрика за јаглен.[6]

Статичната инверторска станица на HVDC NorNed се наоѓа во Емсхавен. Исто така тука е планирано да се гради една крајна точка на COBRAcable HVDC далновод до Ејсберг, Данска.

Емсхавен е точка на опаѓање за брз трансантлантски оптички кабел кој ги поврзува САД и Европа. На 23 септември 2014 година, Гугл најавил дека планира да потроши 773 милиони долари за изградба на центар за податоци.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]