Елизавета Литвинова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Elizaveta Litvinova.jpg

Елизавета Федоровна Литвинова ( 1845- 1919?) била руски математичар и педагог. Автор е на повеќе од 70 статии во врска со математичкото образование.

Родена во 1845 година во царска Русија, како Елизавета Федоровна Иваншкина, таа го завршила своето прво образование во женското средно училиште во Санкт Петербург. Во 1866 година, Елизавета се омажила за Виктор Литвинов, кој, за разлика од Владимир Ковалевски (сопруг на Софија Ковалевскаја), нема да и дозволи да отпатува во Европа, за да студира на универзитетите таму. Затоа, Литвинова започнала да учи со Странољубски, кој исто така приватно ја поучувал и Ковалевскаја.

Во 1872 година, веднаш по смртта на сопругот, Литвинова заминала за Цирих и се запишала на политехничкиот институт. Во 1873 година рускиот цар со декрет наредил да сите руски жени што студираат во Цирих се вратат во Русија, или да се соочат со последиците. Литвинова била една од неколкуте кои го игнорирале декретот и останала да продолжи со студиите, стекнувајќи колеџ диплома во Цирих во 1876 година, а докторирала во 1878 година на Бернскиот универзитет.

Кога Литвинова се вратила во Русија, таа била одбивана од универзитетските состаноци, бидејќи таа се спротивставила на отповикувањето од 1873 година. Предавала на женското средно училиште и го дополнувала својот мал приход пишувајќи биографии на повеќе познати математичари, како Ковалевскаја и Аристотел. По пензионирањето, се верува дека Литвинова умрела за време на Руската револуција во 1919 година.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • А. Х. Коблиц, Софија Василевна Ковалевскаја во Луис С. Гринштајн (уредник), Пол Џ. Кемпбел (уредник) (1987). Жените по математика: Био-библиографски изворник. Гринвуд прес, Њујорк. ISBN 978-0-313-24849-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]