Елизабет Борн
Елизабет Борн Élisabeth Borne | |
---|---|
Премиер на Франција | |
На должноста 16 мај 2022 – 9 јануари 2024 | |
Претседател | Емануел Макрон |
Претходник | Жан Кастекс |
Наследник | Габриел Атал |
Министер за прекуморски територии вршител | |
На должноста 25 јуни 2022 – 4 јули 2022 | |
Премиер | самата таа |
Претходник | Јаел Брон-Пиве |
Наследник | Жан-Франсоа Каранко |
Министер за работа, вработување и економска инклузија | |
На должноста 6 јули 2020 – 16 мај 2022 | |
Премиер | Жан Кастекс |
Претходник | Мириел Пенико |
Наследник | Оливје Дисопт |
Министер за еколошка и инклузивна транзиција | |
На должноста 16 јули 2019 – 6 јули 2020 | |
Премиер | Едуар Филип |
Претходник | Франсоа де Рижи |
Наследник | Барбара Помпили |
Министер за транспорт | |
На должноста 17 мај 2017 – 16 јули 2019 | |
Премиер | Едуар Филип |
Претходник | Ален Видали |
Наследник | Жан-Батист Џебари |
Лични податоци | |
Роден(а) | 18 април 1961 Париз, Франција |
Партија | Преродба (од 2017) Територии на прогрес (од 2020) |
Сопружник | Оливје Аликс (в. 1989; раз. 2008) |
Деца | 1 |
Живеалиште | Матињонски дворец (официјално) |
Образование | Екол политекник Национална школа за мостови и патишта Инженерски колеџ |
Елизабет Борн (француски: Élisabeth Borne),(18 април 1961, Париз) - француска политичарка кој ја извршува функцијата премиер на Франција од мај 2022 година.
Градежен инженер, владин функционер и менаџер на државни претпријатија во транспортниот и градежниот сектор, Борн претходно била министер за транспорт (2017–2019) и министер за екологија (2019–2020). Потоа била министерка за труд, вработување и интеграција во владата на Кастекс од 2020 до 2022 година.[1] На 16 мај 2022 година, претседателот Емануел Макрон ја назначил за следен премиер на Франција, по оставката на Кастекс како што е традиција по претседателските избори во Франција.[2] Борн е втора жена на оваа позиција по Едит Кресон, која била премиерка од 1991 до 1992 година.[3] Членка е на партијата на Макрон Ренесанса и на централно-левичарската партија Територии на напредок.
Детство и образование
[уреди | уреди извор]Борн е родена во Париз на 18 април 1961 година.[4] Нејзината мајка, Маргерит Лесен, била фармацевт. Нејзиниот татко, Жозеф Борнштајн, син на Зелиг Борнштајн од Луков (поранешна руска Полска),[5] бил еврејски бегалец без државјанство, кој е роден во Белгија,[6] потоа, на почетокот на Втората светска војна побегнал во Франција; бил активен во Отпорот и бил депортиран, но го преживеал концентрациониот логор Аушвиц и маршот на смртта. Бил натурализиран како Французин во 1950 година и го променил презимето во „Борн“.[5][7] Нејзините родители по војната воделе фармацевтска лабораторија.[8] Заради смртта на татко ѝ кога имала 11 години го добила „Ученик на нацијата“, образовна придобивка која државата им ги доделувала на малолетници кои имале родител повреден или убиен за време на војна, терористички напад или додека давале одредени јавни услуги.
Борн учела во средното училиште во Лицеј Жансон-де-Саји во Париз. Подоцна, влегла во École Polytechnique (Политехничка школа, класа од 1981 година). Во 1986 година, ја добила својат инженерска диплома во градежништвото од École nationale des ponts et chaussées (Национална школа за инженерство на патишта и мостови) и една година подоцна магистер по бизнис администрација (MBA) од Колеџот на инженерите .
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gouvernement Castex en direct : Darmanin nommé ministre de l'intérieur, Dupond-Moretti garde des sceaux et Bachelot à la culture“. Le Monde.fr (француски). 2020-07-06. Архивирано од изворникот на 1 November 2020. Посетено на 6 July 2020.
- ↑ „Élisabeth Borne va être nommée Première ministre“. INFO BFMTV. 16 May 2022. Архивирано од изворникот на 16 May 2022. Посетено на 17 May 2022.
- ↑ „Élisabeth Borne becomes France's first female prime minister in 30 years“. The Guardian (англиски). 2022-05-16. Архивирано од изворникот на 17 May 2022. Посетено на 2022-05-17.
- ↑ Sage, Adam (17 May 2022). „Elisabeth Borne: France's first female prime minister for 30 years seeks unity“. The Times. Архивирано од изворникот на 16 May 2022. Посетено на 17 May 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Beaucarnot, Jean-Louis (2022). „Élisabeth Borne: La Rhinaquintine et le bon beurre normand“. Le Tout-Politique 2022. L'archipel.
- ↑ Wattenberg, Frida (5 October 2010). „Joseph Bornstein, dit Borne“. Архивирано од изворникот на 2022-07-07. Посетено на 2022-07-08.
Date de naissance: 02/05/1924 (Anvers (Belgique))
CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link) - ↑ Klein, Zvika (May 17, 2022). „What are the Jewish roots of France's newest prime minister?“. Jerusalem Post. Архивирано од изворникот на 18 May 2022. Посетено на May 18, 2022.
- ↑ Bloch, Ben (17 May 2022). „France's new prime minister is the daughter of a Holocaust survivor and French Resistance hero“. The Jewish Chronicle. Архивирано од изворникот на 17 May 2022. Посетено на 17 May 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |