Елена Дончева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена Елена Танчева
16 април 1942
Скопје, Бугарија
Националност Македонка
Занимање костимограф


Елена Дончева (моминско: Танчева; 16 април 1942 во Скопјемакедонска костимографка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Завршила академија за применета уметност во Белград, Србија, на отсекот за костимографија. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1977 година. Покрај драмски, работи костими и за оперски и за балетски претстави; костимограф е во шест филма и во голем број телевизиски драми. Освен низ сите театраски куќи во Републиката, како костимограф гостувала и во СССР, во Германија и во Франција.

  • Драми
    • „Хелдерлин“;
    • „Среќна Нова '49“; и
    • „Рамна земја“.
  • Опери
    • „Аида“;
    • „Бал под маски“;
    • „Бразда“;
    • „Болен Дојчин“ и други.
  • Балети
    • „Дубровничка Легенда“;
    • „Зодијак“;
    • „Лабин и Дојрана“ и други

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дончева“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 483. (2009). Скопје: МАНУ.