Елагабал (божество)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Елагабал или Хелиогабал е сириско-римски бог на сонцето.

Култот кон него[уреди | уреди извор]

Храмот во Емеса, кој го има светиот камен, од другата страна на бронзената пара, искована за римскиот узурпатор Ураниј.

Елагабал најпрво бил почитуван во Емеса во Сирија. Името му е латинизирана форма на сириското „Ilāh hag-Gabal“, што доаѓа од Ел или Илах („бог“) и „габал“ („планина“), (на арапски: جبل jabal), со што се добива „Богот на планината“.[1] Култот кон ова божество се раширил и во другите делови од Римската Империја, во текот на вториот век. На пример, пронајдена е посвета кон овој бог во далечни предели, во денешна Холандија.[2]

Во Рим[уреди | уреди извор]

Во Рим статуа на овој бог е донесена од римскиот император Марко Аврелиј Антонино, кој пред тоа бил висок свештеник во Емеса и често бил нарекуван Елагабал, според божеството.[3] Сирискиот бог се претопил со римскиот бог на сонцето, познат како Сол Инвиктус („Непоразеното Сонце“).[4]

Изграден е храм наречен Елагабалиум на источната страна од Палатин, каде е сместен светиот камен донесен од храмот во Емеса, што е всушност црн метеорит.[5] Херодијан запишал за тој камен:

Овој камен е обожуван како да е испратен од рајот; на него има неколку мали делови и ознаки, за кои луѓето сакаат да веруваат дека се приказ на сонцето, бидејќи како такви и ги гледаат.[6]

Римски ауреус посветен на Елагабал. Од другата страна се чита Sanct Deo Soli Elagabal (На Светиот Бог на Сонцето Елагабал), и приказ на квадрига, златна кочија која го носи светиот камен од храмот во Емеса.

Херодијан исто така кажал дека Елагабал ги терал сенаторите да го гледаат додека танцува околу олтарот на своето божество, на звуци од тапани и цимбали,[5] и на секој летен солстициј се одржувал голем фестивал, популарен меѓу народот поради тоа што се давала бесплатна храна,[7] и за време на тој фестивал, тој го поставувал светиот камен на триумфална кочија, украсен со злато и накит, и со која парадирал низ градот:

Кочија со шест коњи го носи божеството, коњите се огромни и чисто бели, со скапа златна опрема. Никој не ги држи уздите, и никој не се вози во кочијата; возилото има пратња како навистина самиот бог да управува со кочијата. Елагабал трчал назачки пред кочијата, со лице кон божеството и држејќи ги коњите за ремените. Целиот пат тој го минува вака, гледајќи во својот бог. [7]

Описот на Херодијан сугерира дека култот кон Емесене бил инспириран од вавилонскиот Акиту фестивал.[8]

Императорот исто така се обидел да направи спој на римската и сириската религија каде главен бил неговиот бог, кого тој го поставил дури и над Јупитер,[9] на кого како сопруга му ја одредил било Астарте, Минерва или Уранија, или некоја комбинација на трите.[7] Најсветите реликти од римската религија биле пренесени од нивните светилишта во Елагабалиум, вклучувајќи го и „амблемот на Големата Мајка, огнот на Весталките, Паладиумот, штитовите на Салиите, и сè што Римјаните го сметале за свето.“ Тој исто така повеќепати изјавувал дека Евреите, Самаританците и Христијаните мора да ги преместат сите свои обреди во неговиот храм, со што во храмот да се наоѓаат „сите мистерии на секој вид на обожавање“.[10]

Откако императорот е убиен во 222 година, неговите религиски укази биле укинати, а Елагабал е вратен во Емеса.[11]

Литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lenormant, Francois. Sol Elagabalus. „Revue de l'Histoire des Religions“ том  3: 310. 
  2. An Early Dedication to Elagabal; the inscription is in now in Woerden's city museum.
  3. Halsberghe, Gaston H. (1972). The Cult of Sol Invictus. Leiden: Brill. стр. 62. 
  4. Devlaminck, Pieter (2004). „De Cultus van Sol Invictus: Een vergelijkende studie tussen keizer Elagabalus (218-222) en keizer Aurelianus (270-275)“ (на dutch). University of Ghent. http://www.ethesis.net/invictus/invictus_inhoud.htm. посет. 7 август 2007 г. 
  5. 5,0 5,1 Herodian, Roman History V.5
  6. Herodian, Roman History V.3
  7. 7,0 7,1 7,2 Herodian, Roman History V.6.
  8. M. Geller, "The Last Wedge," in Zeitschrift für Assyriologie 87 (1997), pp. 43-95.
  9. Cassius Dio, Roman History LXXX.11
  10. Augustan History, Life of Elagabalus 3
  11. Herodian, Roman History VI.6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]