Прејди на содржината

Другата страна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Другата страна
АвторЃорѓи Крстевски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачИздавачка куќа Бегемот
Издадена
2019
Медиумпечатено издание, 185×110 mm
Страници114

„Другата страна“ — збирка раскази од македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски. Книгата е издадена во 2019 година од издавачкото претпријатие Бегемот.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 33 кратки раскази:[2]

  • Безобразниот ветер
  • Вести од оној свет
  • Веќе видено
  • Влијанието на полната месечина
  • Глас
  • Господинот не може да се врати дома
  • Диско за духови
  • Доаѓа, доаѓа
  • Другата страна
  • Ѓаволска работа
  • Земјотрес
  • Инвазија
  • Истовремено
  • Книга полна неизвесност
  • Лебдење
  • Летно расположение
  • Многу неодговорени прашања
  • Мрачното море
  • На крајот од тунелот
  • Не ме терај да се повторувам
  • Неверојатна приказна
  • Невидливиот самоубиец
  • Никој
  • Ноќна прошетка
  • Патување во зоната на самракот
  • Продолжетокот на една мисла
  • Светла
  • Тивкиот убиец
  • Траги
  • Филм со (не)предвидлив крај
  • Црни денови се ближат
  • Човек во шумата
  • Човекот со ноже во грбот

Технички податоици

[уреди | уреди извор]

Книгата, со обем од 116 страници и со димензии од 19 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-09-2. Таа е испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното објавување било финансиски поддржано од Министерството за култура. Цртежот на предната корица е дело на авторот на книгата, графичкото уредување го извршила Наталија Лукомска, јазичната редакција е дело на Андреј Јованчевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева.[3]

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

„Другата страна“ е збирка кратки прозни форми од авторот Ѓорѓи Крстевски, создавани во текот на повеќе години. Тие се со различна големина и форма, при што секој од расказите е поединечно дело, расказ кој гради еден свој специфичен свет што може да опстои и да егзистира самостојно. Според Милан Дамјаноски, централната точка, ѕвездата околу која гравитираат сите овие мали светови и векторот на нивното поврзување е светогледот на Ѓорѓи Крстевски. Во богатиот спектар на раскази може да препознаеме хармсовски бурлескни сцени и ликови, борхесовски сложени лавиринтни пејзажи, одеци од најмрачните шуми од бајките на браќата Грим, како и грст ликови изгубени во кафкијански свет на метаморфози, бирократски шалтери и бесчувствителен свет.[4] [5]

  1. „Другата страна“.
  2. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.
  3. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.
  4. Бегемот, 2019[мртва врска]
  5. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.