Прејди на содржината

Досиеја икс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Досиеја икс
Создадена одКрис Картер
УлогиДејвид Дуковни
Џилијан Андерсон
Роберт Патрик
Анабет Гиш
Мич Пилеџи
Земја на потеклоСАД, Канада
Бр. на сезони11
Бр. на епизоди218 (список)
Производство
Место на снимањеКанада
САД
Времетраење43 минути (една епизода)
Прикажување
Првична мрежаФОКС
Првично прикажување10 септември 1993 –
19 мај 2002
Надворешни врски
thexfiles.com

Досиеја икс — наградувана американска научнофантастична телевизиска серија создадена од Крис Картер. Првобитно е емитувана на ФОКС телевизија, од 10 септември 1993 до 19 мај 2002, комплетирајќи девет сезони. Во главните улоги настапуваат Дејвид Дуковни (Фокс Молдер) и Џилијан Андерсон (Дејна Скали), ФБИ агенти кои имаат за задача да истражуваат паранормални феномени, а чести заплети се теориите на заговор за вонземјаните и нивната врска со владата.

Серијата стана многу популарна и популаризираше некои фрази како „Вистината е таму некаде“, „Никому не верувај“, „Сакам да верувам“. Обожавателите ги делат епизодите на епизоди со митолошки приказни, чија тема е инвазијата на вонземјани, и на епизоди т.н. „чудовишта на неделата“, чија тема се суштества и ситуации поврзани со паранормалното. Исто така, неколку епизоди се посветени на истражување на врската меѓу Молдер и Скали.

Американскиот магазин TV Guide ја означи Досиеја икс како една од најпопуларните телевизиски серии на сите времиња, а и како втора култна серија на сите времиња, по Ѕвездени патеки.