Дони Дарко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Дони Дарко
(Donnie Darko)“
Дони дарко.jpg
Промоционален постер
РежисерРичард Кели
ПродуцентАдам Филдс
Ненси Џувонен
Шон МекКитрик
СценаристРичард Кели
НастапуваатЏејк Гиленхал
Џена Малоун
Меги Гиленхал
Патрик Свејзи
Дру Беримор
МузикаМајкл Ендруз
КинематографијаСтивен Б. Постер
ДистрибутерNewmarket Films
Премиера26 октомври, 2001 (САД)
Времетраење113 мин. (оригинално)
133 мин. (режисерска верзија)
ДржаваСАД Flag of the United States.svg
ЈазикАнглиски
Буџет$4,5 милиони
Бруто заработка$4.116.307 (глобално)

Дони Дарко е американски филм од 2001. Филмот содржи елементи на драма/психолошки трилер/научна фантастика, а е напишан и режиран од Ричард Кели. Филмот имаше мало отварање по прикажувањето во САД, но својата популарност ја зголеми по своето ДВД издание и доби култен статус со текот на времето.

Насловниот лик е интелигентен, но пореметен тинејџер кој има визии за антропоморфен зајак кој го води во низа на бизарни случки со цел да го спаси светот од уништување.

Филмот има многу комплексно дејство и филозофска основа. Темите кои ги опфаќа се патување низ времето, егзистенцијализам, љубов и лично жртвување.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Џејк Гиленхал како Доналд Џ. "Дони" Дарко
  • Холмс Озборн како Еди Дарко
  • Меги Гиленхал како Елизабет Дарко
  • Дејваја Чејс како Саманта Дарко
  • Мери МекДонел како Роуз Дарко
  • Џејмс Дувал како Френк
  • Патрик Свејзи како Џим Канингем
  • Бет Грент како Кити Фармер
  • Џена Малоун како Гречен Рос
  • Ноа Вајл како Кенет Монитоф
  • Дру Беримор како Керен Померој
  • Кетрин Рос како д-р Лилиан Турман
  • Пејшенс Кливленд како Роберта Спероу

Куриозитети[уреди | уреди извор]

  • Филмот е сниман за 28 дена, точно толку има и Дони за спасување на светот.
  • За време на телефонскиот разговор од аеродромот пред враќањето на мајката на Дони, во позадина се слуша дека летот 2806 полетува од излез 42 во 12 часот. Истите броеви на почетокот ги открива Френк, како времето кое останува пред крајот на светот: 28-06-42-12.
  • Автомобилот кој Дони го среќава додека се вози со велосипедот е истиот оној кој подоцна го вози Френк.
  • Човекот во црвената облека, кој Дони и Гречен го затекнуваат дека ги набљудува, е агент кој ги набљудува членовите на семејството по повод бизарната несреќа со моторот на авионот.
  • Улогата на Елизабет Дарко, сестрата на Дони, е играна од Меги Гиленхал, сестрата на Џејк Гиленхал.
  • Лингвистот кој рекол дека cellar door е најубавата синтагма во англискиот јазик е Џ.Р.Р. Толкин.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]