Прејди на содржината

Динара Алимбекова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Динара Алимбекова
Алимбекова на Зимските олимписки игри во 2018 година
Лични податоци
НационалностБелорусинка
Роден(а)5 јануари 1996(1996-01-05)(28 г.)
Абај, Казахстан
Спорт
СпортБиатлон

Динара Алимбекова (родена на 5 јануари 1996 година) — белоруска биатлонка.

Таа е родена во казахстанскиот град Абај, од татко Казахстанец и од мајка Белорусинка. Таа се преселила во Белорусија кога имала три години. Со спорт започнала да се занимава во градот Чавуси.

Алимбекова учествувала на Светското јуниорско првенство во 2015, 2016 и 2017 година. Златото во штафета и четвртото место во спринт го освоила во 2015 година.

Дебитирала на Светското првенство во 2016 година.

На Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг[1] освоила златен медал во женската штафета. Во спринт го освоила 50 место, а во поединечната трка на 15 км 73 место[2].

  1. „Athlete Profile: Dzinara ALIMBEKAVA - Pyeongchang 2018 Olympic Winter Games“. www.pyeongchang2018.com. Архивирано од изворникот на 2018-02-28. Посетено на 2018-02-24.
  2. „Динара Алимбекова, ЗОИ 2018“. Архивирано од изворникот на 2018-02-28. Посетено на 2018-02-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]