Диелектрична спроводливост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Диелектрик и електрични полнежи кои го покажуваат влијанието на поларизацијата (горе неполаризиран, долу поларизиран диелектрик). Таквиот диелектрик бара помал електричен флукс за електрично набивање на честичките (има поголема диелектрична спроводливост) од вакуумот.
Истоимени електрични полнежи со делување на електростатичката сила се одбиваат, а полнежите со спротивен предзнак се привлекуваат.

Диелектрична спроводливост, пермитивност (од латински: permittere: допушта), диелектрична пермитивност или диелектричност со ознака ε (епсилон) - физичка величина која го опишува влијанието на диелектрикот на меѓусебното делување на електричните полнежи. Ако електричните полнежи се точкести и растојанието меѓу нив е постојано, електричната сила меѓу нив е обратно пропорционална на диелектричната спроводливост (Кулонов закон). Може да се дефинира како константа на односот:

каде:

Мерна единица за диелекрична спроводливост е фарад на метар (F/m).

Диелектричната спроводливост може да се прикаже и како:

каде:

Кулонов закон[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кулонов закон.

Кулоновиот закон е еден од основните закони на електростатиката кој го утврдил Шарл-Огистен де Кулон во 1785 година: "Електричната сила F меѓу два точкести електрични полнежи (одбивна или привлечна, зависно од тоа дали телата се со еднакви или спротивни електрични полнежи) е пропорционална на количините на електричен полнеж q, а обратно пропорционална на квадратот на растојанието r меѓу двете тела. " (напомена: важи само во вакуум)

каде:

  • ε0 е диелектрична спроводливост во вакуум. Силата е најјака во вакуум, а послаба во сите други медиуми:

каде:

  • ε r е релативна диелектрична спроводливост на материјалот,
  • ε е диелектрична спроводливост на материјалот.

Диелектрик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Диелектрик.

Диелектрик или изолатор е материјал или медиум кој не ја спроведува електричната струја, т.е. вакуум или материјал кој содржи занемарлив број на слободни електрони и јони кои можат да се движат под влијание на надворешно електрично поле, односно секој материјал чија електрична отпорност е поголема од 108 Ωm. Електричната отпорност на килибарот е поголема од 1016 Ωm, на парафинот, сумпорот и стаклото е поголема од 1014 Ωm.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]