Дивна Лакинска
Дивна Ристова Лакинска (Тетово, 1 ноември 1941 - 15 октомври 2025 ) — македонски андрагог.
Животопис
[уреди | уреди извор]Лакинска е родена во Тетово на 1 ноември 1941 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1966). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1983), каде што и докторирала (1989). Работела како средношколски професор, а од 1971 година, таа била професор на Вишата школа за социјални работници, подоцна Институт за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што била редовен професор (од 2005). Ги предавала предметите: педагогија, општа андрагогија, социјална андрагогија, геронтологија и др. Во повеќе наврати, таа била раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика.[1] Таа била член е на раководни тела на повеќе меѓународни здруженија и установи. Била носител и координатор е на голем број домашни и меѓународни истражувачки проекти од областа на општествената политика и заштита на различни општествено загрозени категории на лица. Автор е на 60 труда од областа на образованието и општествената работа.[2]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Семејството и образованието, 1987;
- Државна стратегија за социјален развој на Република Македонија (Country Policy Paper of the Republic of Macedonia), 1997;
- Загрозеноста на ромските деца во Општината Шуто Оризари (Vulnerability of Roma children in the municipaty of Shuto Orizari[мртва врска]), УНИЦЕФ, 2000.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ПОРЕД ИСТРАЖУВАЊАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА На улица живеат повеќе од 1.000 деца“. 23 ноември 2005. Посетено на 2009-10-19.[мртва врска]
- ↑ Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 252.
- Родени во 1941 година
- Починати во 2025 година
- Луѓе од Тетово
- Македонски педагози
- Македонски средношколски професори
- Македонски универзитетски професори
- Југословенски педагози
- Југословенски средношколски професори
- Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје
- Магистри на Белградскиот универзитет
- Доктори на Белградскиот универзитет
- Професори на Филозофскиот факултет - Скопје