Дејан Удовичиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дејан Удовичиќ (27 јули 1970) е српски професионален тренер по ватерполо.[1] Тој бил именуван за селектор на Србија во јуни 2006 година, по распаѓањето на државниот сојуз на Србија и Црна Гора. Како сениор играл за Партизан Белград и ВК Белград, додека тренерската кариера ја започнал во Партизан каде останал девет сезони (2000-2009). Неговото најзначајно достигнување со клубот било третото место на фајналфорот во Евролигата 2007 година во Милано. Како селектор на српската репрезентација, тој има освоено златни медали на Светското првенство во водени спортови во 2009 година и на Европското првенство во ватерполо за мажи во 2006 година, како и на Европското првенство во ватерполо за мажи во 2012 година. Тој, исто така, го одвел националниот тим до бронзениот медал на Олимпијадата во Пекинг 2008 година.

Како млад[уреди | уреди извор]

Дејан и неговиот брат близнак Дарко почнале да играат ватерполо во основно училиште, откако пријател на нивниот татко им препорачал да го пробаат. И двајцата биле привлечени од други спортови, но на крајот решиле да се задржат на ватерполото. Во тоа време, Партизан имал тренери од највисоко ниво кои произлегоа од познатата југословенска ватерполо школа на чело со Бата Влахо Орлиќ (1934-2010). Еден од врвните стручњаци бил Никола Стамениќ, кој рано го увидел потенцијалот на Дејан како играч, па дури и како иден тренер. Дејан со голем успех продолжил да игра за Партизан и станал репрезентативец на кој потоа бил капитен речиси 15 години. Од друга страна, Дарко станал рекордер за најмногу одиграни натпревари во најуспешните репрезентации во ватерполо на сите времиња. Додека Дарко ја завршил својата кариера како играч, Дејан реши да се обиде како тренер.

Клупска кариера како тренер[уреди | уреди извор]

ВК Партизан (2000–2009)[уреди | уреди извор]

Удовичиќ го напуштил клубот на 23 април 2009 година, по поразот на неговиот тим од Југ во четвртфиналето на Евролигата, што значело дека српскиот шампион не успеа да се квалификува на Фајнл-форот .

Кариера како селектор на српската репрезентација[уреди | уреди извор]

Олимписките игри 2012 во Лондон[уреди | уреди извор]

На првиот тренинг пред ЕП 2012, Удовичиќ на своите играчи им покажал слика од златните медали кои требало да им бидат доделени на победниците на Олимпискиот турнир во Лондон. Тој им рекол на своите играчи: Кога ќе почнете да чувствувате дека тренинзите ви штетат, овие слики треба да ве потсетат да продолжите да работите колку што можете повеќе!“ [2]

Трофеи[уреди | уреди извор]

Како тренер[уреди | уреди извор]

ВК Партизан

  • Државно првенство на Србија (4): 2001–02, 2006–07, 2007–08, 2008–09
  • Национален куп на Србија (4): 2001–02, 2006–07, 2007–08, 2008–09

Индивидуално[уреди | уреди извор]

  • ОЦС награда за тренер на годината (1): 2009 година

Јавни ангажмани[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Удовичиќ - со неговите сонародници Владе Дивац и Слободан Соро - се појавиле во ТВ реклама за кампањата за откажување од пушењето .[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dejan Udovičić“ (српски). Serbia Water Polo Federation. Архивирано од изворникот на 6 April 2012. Посетено на 15 December 2011.
  2. „Udovičić igračima podelio slike olimpijske medalje!“.
  3. „Ostavi pusenje osiguraj zivot - Dunav Osiguranje, Dejan Udovicic, Vlade Divac, Slobodan Soro“. 24 November 2011.