Дејанира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Херакле, Дејанира и Нес, црнофигурална хидрија, 575-550. п. н. е., Лувр

Дејанира (Δηϊάνειρα или Δῃάνειρα), чие име значи „уништувачка на мажи“[1] или „уништувачка на својот маж “[2], во грчката митологија била ќерка на Алтеја и калидонскиот крал Енеј, Мелеагрова сестра и Хераклеова сопруга. Според друго предание, нејзиниот татко бил богот Дионис, кој престојувал на дворот на кралот Енеј, кој и ја спасил својата ќерка од судбината која ја погодила нејзината сестра да биде преобразена во морка.[3] Како нејзин татко се споменува и Дексамен.[4] Тој со сила сакал да ја омажи за Еуритион, но го убил Херакле кога дошол по младата. Во овој случај, нејзиното име е и Мнесимаха.[5]

Митологија[уреди | уреди извор]

Кога Херакле се симнал во Подземјето се сретнал со Мелегровата сенка, која го советувала да се ожени со Дејанира. Херакле го послушал и отишол во Калидон. Меѓутоа, за да ја оствари својата намера, морал да се избори со ривалот, речниот бог Ахелој. Дури тогаш се оженил со Дејанира и заедно се упатиле до реката Еуен, каде кентаурот Нес ги пренесувал патниците на другиот брег. Кентаурот прво ја пренел Дејанира, но кога требало да се врати по Херакле, тој на другиот брег се обидел да ја силува Хераклеовата сопруга. Меѓутоа, Херакле го усмртил со отровна стрела. На умирање, Нес ја убедил Дејанира да ја сочува неговата крв, за која тврдел дека е чудотворен афродизијак. Сопружниците стигнале на дворот на кралот Кеик, во Трахин и таму му помогнале да го победи Дриопе. Во бракот Дејанира честопати останувала сама, бидејќи Херакле често патувал. Од едно патување довел и заробеници од Ехалија, меѓу останатите и Јола, ќерката на кралот Еурит. Уплашена поради можната соперничка, Дејанира ја натопила Хераклеовата кошула во Несовата крв и му ја испратила на својот маж преку гласникот Лиха. Кога ја облекол, отровот му продрел низ кожата. Видувајќи ја агонијата на својот татко, Хил, роден во бракот со Дејанира, ја обвинил својата мајка, која поради тоа се убила забодувајќи си нож во градите.[3] Како деца на Херакле и Дејанира се споменуваат и Макарија[6], Глен, Онитеј, Ктесип[7] и Ходит.[8]

Во уметноста[уреди | уреди извор]

Дејанира е хероина во Софоклеовата трагедијаТрахињанки“. Во ликовната уметност, на црнофигуралните вазни чест мотив бил судир на Херакле и Ахелој или Нес поради Дејанира.[3]

Други личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. -{P. Walcot, "Greek Attitudes towards Women: The Mythological Evidence" Greece and Rome, 2nd Series, 31:1:43 (April 1984)}-; -{at JSTOR}-
  2. -{Koine. Y. (editor in chief), Kenkyusha's New English-Japanese Dictionary, 5th ed., Kenkyusha, 1980, pp. 551.}-
  3. 3,0 3,1 3,2 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  4. 4,0 4,1 „-{Greek Myth Index: Deianeira}-“. Архивирано од изворникот на 17. 08. 2010. конс. 22. 08. 2010. 
  5. -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: Dictionary}-; -{Minis to Nyctimene}-
  6. „-{Greek Myth Index: Macaria}-“. Архивирано од изворникот на 25. 09. 2010. конс. 22. 08. 2010. 
  7. -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- Greek Mythology Link: Heracles 1; Mates & Offspring
  8. Роберт Гревс. 1995. Грчки митови. 6. издање. Нолит. Београд.
  9. Diodorus Siculus, Library of History, 4.16.3 [1]
  10. -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- Greek Mythology Link: Lycaon 2; Family

Надворешни врски[уреди | уреди извор]