Деспот Баџовиќ
Деспот Баџовиќ | |
---|---|
Деспот Баџовиќ како мајор на Крф, 1916 година | |
Роден/а | 1850 Крушево, Битолски Вилает, Османлиска империја |
Починат/а | 30 ноември 1932 (на 81–82 г.) Владичин Хан, Вардарска бановина, Кралство Југославија |
Занимање | учител |
Јазик | македонски |
Државјанство | |
Образование | теологија |
Деспот С. Баџовиќ (српски: Деспот С. Баџовић) (1850 — 30 ноември 1930) бил општественик, книжевник и револуционер.
Биографија
[уреди | уреди извор]Деспот Баџовиќ и неговиот брат Ѓорѓи завршиле II одделение на Богословијата во Белград основана на Милош Милоевиќ. Во 1871 Баџовиќ отворил училиште во Крушево за околу 60 ученици каде тој и неговиот брат биле учители.[1][2]
Во 1873 година станал учител во Битолската патријаршиска школа, а во 1874 година порадо неразбирање на српскиот јазик од страна македонските деца, се пројавил како учебникар. Напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Имено тој е потписник на букварот за македонските училишта „Букварот за основните македонски училишта во Турското Царство“, кој бил напишан на дијалект на македонскиот јазик.
Ѓорѓи станал учител во Смилево во 1875, а Деспот во 1876 заминал во Србија. Нивниот брат Кузман и неговата жена, Јелена Баџовиќ, ги замениле како учители.[3][4]
За време на Втората српско-турска војна (1877-1878), заедно со Тодор Станковиќ, Милош Милојевиќ, архимандритот Сава Дечанец, Аксентије Хаџиарсич, Кост Шуменковиќ и Глигориј Чемерикиќ го формира Нишкиот комитет, револуционерно здружение и револуционерно друштво. кое имало за цел ослободување на југоисточна Србија.
Значајни дела
[уреди | уреди извор]- Којој словенској грани припадају Словени у горњој Албанији и у Македонији. Stampano u Deržavnoj štampariji. 1878.
- Искрена реч Србо-Македонцима. Belgrade: Трговачка Штампарија. 1885.
- Predlog za sporazum između Srba, Grka i Bugara o savezu balkanskih naroda. Štamp. Ane M. Draškocija. 1893.
- Македонско Питање, Предлог за споразум« измсђу Срба, Грка и Бугара о Савезу балканских народа - В. Градиште, шт. Штампарија Ане М. Драшхоција, 1893
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Zbornik Matice srpske za istoriju. Матица. 1992. стр. 55. Посетено на 22 May 2013.
- ↑ Godišnjica Nikole Čupića. 1914. стр. 315. Посетено на 22 May 2013.
Сам Деспот С. Баџовић пише у једном београдском листу, 16/VII 1904 године, да је с великим сметњама отворио српску школу у Крушеву 1873 године. Он вели: „Ни претње бугарског владике Натанаила; ни интриге...
- ↑ Jugoslovenski istorijski časopis. Savez društava istoričara Jugoslavije. 1976. стр. 160. Посетено на 23 May 2013.
учителот Деспот Баџовиќ, брат на Кузмана
- ↑ Godišnjica Nikole Čupića. 1914. стр. 315. Посетено на 22 May 2013.
Деспот и Ђока Баџовићи. Учитељевали су заједно до 1875 год., кад је Ђока отишао у Смиљево. 1876 год. Деспот Баџовић отишао је у Србију. 1876 учитељевала је Јемена Баџовићка, а 1877 радила је заједно са својим мужем