Прејди на содржината

Десетте заповеди (филм од 1923)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Десетте заповеди“ (англиски: The Ten Commandments) — американски филм од 1923 година, во режија на Сесил Б. Демил (Cecil B. DeMille) по сценариото на Џини Мекферсон (Jeanie MacPherson). Главните улоги ги толкуваат: Теодор Робертс (Theodore Roberts), Чарлс де Роше (Charles de Roche), Естел Тејлор (Estelle Taylor), Едит Чепмен, Род Ла Рок, Летрис Џој и Нита Налди. Ова е првиот дел од библиската трилогија на Сесил Б. Демил, кој подоцна ги снимил и филмовите „Кралот на кралевите“ (1927) и „Знакот на крстот“ (1932).[1]

'„Десетте заповеди“

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Филмот е поделен на два дела. Во првиот дел се прикажува тешкиот живот на Евреите во Египет и нивното заминување во Ветената земја, предводени од Мојсеј (го игра Робертс). Тој ги добива од бога десетте заповеди кои ги запишува на камена плоча, но неговите сонародници ја губат верата и го обожаваат златното теле. Дејствието во вториот дел од филмот се одвива во современото општество и ја прикажува приказната за едно семејство од Сан Франциско. Браќата Џон (го игра Дикс) и Ден (го игра Ла Рок) Мектавиш живеат со мајка им Марта (ја игра Чепмен), која е голем верник. Џон е дрводелец и води скромен живот, почитувајќи ги десетте божји заповеди, додека Ден е атеист подготовен да ги прекрши заповедите само за да стигне на врвот од оптшеството. Марта го брка Ден од дома и тој и Џон влегуваат во една гостилница. Таму, сиромашната девојка Мери (ја игра Џој) краде дел од сендвичот на Ден, а потоа се крие во работилницата на Џон. Тој ја носи Мери дома, а Ден веднаш ја освојува. Поради непочитување на строгите верски обичаи, Марта ги брка Ден и Мери од куќата. Три години подоцна, Ден е богат градежник, кој ја гради катедралата, но прави малверзации со цел да заработи пари. Истовремено, иако е оженет со Мери, тој ја изневерува со ориенталната девојка Сали (ја игра Налди). Еден ден, Марта го посетува градилиштето и тогаш паѓа еден ѕид кој ѝ нанесува смртоносни повреди и таа умира. Еден таблоид ги открива малверзациите на Ден и го уценува, но Ден нема пари за да го подмити списанието. Затоа, тој оди кај Сали за да си го земе скапиот накит кој ѝ го поклонил, но таа го одбива. Освен тоа, таа му соопштува дека е заразена од лепра, па најверојатно го заразила и него. Во налет на бес, Ден ја убива Сали и се обидува да побегне во Мексико со моторен чамец, но поради силното невреме, чамецот удира во карпа и така умира Ден. Мери, која е исплашена дека и таа е зарзена од лепра, оди да се збогува со Џон, но тој ѝ чита делови од Новиот завет, нејзините лузни на рацете исчезнуваат.