Дебора Ванкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дебора Ванкин е американска писателка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дебора Ванкин живеела во Англија, Израел и Јапонија, а денес живее во Силверлејк, во близината на Лос Анџелес. Таа работи како уредничка на рубриката за книги и храна во весникот „LA Weekly“, а исто така, таа објавувала текстови за храната и во други списанија и весници, како што е „Њујорк тајмс“. На Универзитетот во Лос Анџелес го предавала предметот екранизација на книжевни дела.

Творештво[уреди | уреди извор]

Дебора Ванкин е коавторка на две книги: „Ташеновиот Лос Анџелес“ (Taschen’s Los Angeles) и збирката есеи врз чија основа е снимен филмот „Според вистинска приказна (само со повеќе судари)“ (Based on a true story (But with more crashes)). Нејзиниот расказ „Вики, Флеш и заводникот на продавачките на чевли“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 92.