Дваесет и првиот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дваесет и првиот - роман на македонскиот писател Томислав Османли објавен во 2009 година во издание на „Блесок“.[1]

За книгата[уреди | уреди извор]

Романот Дваесет и првиот е добитник е на наградата Роман на годината на Утрински весник за 2009 година Истиот беше номиниран и за наградата Балканика.

Преведен е на српски, бугарски, руски, арапски и други јазици.

Извадок од романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли. [2]

11.

Во втренченото барање на тајниот влез во подоброто утре, професорот Климент Кавај не остануваше на делникот, туку се движеше низ времето, споредуваше со минатото, одеше напред кон некоја неизвесна, а секако подобра иднина, кон едно светло време во кое оваа земја ќе ги живее деновите на склад и спокој. Во една книга што му ја беше дал неговиот стар пријател и колега од факултетот за архитектура и кој му беше другар од младоста, за нивното родно место Кавај го најде записот: „Јас нема да испуштам да забележам уште еден натпис што го нема кај другите патописци, а кој може да биде навистина интересен. Тој се наоѓа на еден камен што е пронајден во урнатините на црквата Св. Варвара и кој, навистина, нецелосно, гласи: ΑΓΑΘΗ ΤΥΧΗ ΛΥΧΝΕΙΔΙΩΝ“, што во превод значеше: „Добрата (но и чистата, чедната) среќа на Охриѓаните“ и што за професорот Кавај сега добиваше пошироко значење и смисла на благослов, но и предвидување, вдлабено во камен за да трае за вечни времиња…


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дваесет и првиот“. https://lektira.mk/kniga/dvaeset-i-prviot/. Надворешна врска во |work= (help)
  2. „Извадок“. https://lektira.mk/izvadok/dvaeset-i-prviot-izvadok/. Надворешна врска во |work= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]