Прејди на содржината

Дајна Вашингтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дајна Вашингтон
Дајна Вашингтон во 1962
Животописни податоци
Родено имеРут Ли Џонс
Роден(а)29 август 1924(1924-08-29)
Тускалуса, Алабама, САД
ПотеклоЧикаго, Илиноис, САД
Починал(а)14 декември 1963(1963-12-14) (возр. 39)
Детроит, Мичиген, САД
Жанрови
Занимања
  • Singer
  • musician
Инструменти
Период на активност1941–1963
Издавачи

Дајна Вашингтон (англиски: Dinah Washington; родено име: Рут Ли Џонс (англ. Ruth Lee Jones); 29 август 1924 - 14 декември 1963) ― американска пејачка и пијанистка; една од најпопуларните црни музичарки во 1950-тите.[1] Иако првенствено била џез-пејачка, таа снимала и пеела песни во многу различни музички жанрови, како: блуз, R&B и традиционална поп-музика.[2] За себе си ја присвоила титулата „Кралица на блузот“.[3] Во 1986 година била примена во Куќата на славните на џезот од Алабама, а во 1993 година била примена во Куќата на славните на рокенролот.

Рут Ли Џонс е родена во Тускалуса, Алабама, САД. Три години подоцна, нејзиното семејство се преселило во Чикаго. Младата Рут пеела госпел и свирела на пијано во баптистичката црква Св. Лука, а во гимназијата добила задача да го води црковниот хор. Наскоро, Рут победила на аматерски натпревар во Кралскиот театар во Чикаго, каде што настапила со песната „I Can't Face the Music“.[4]

По освојувањето на натпреварот на 15-годишна возраст почнала да настапува во клубови. Рут Ли Џонс настапувала во различни џез клубови додека еден од нејзините пријатели не ја однел на аудиција кај Били Холидеј во барот Гарик.

Една година подоцна, Дајна Вашингтон се појавува на џез-бар сцената на местото на Рут Ли Џонс. Псевдонимот му се припишува на Џо Глазер, менаџерот на ѕвездата во подем и Лајонел Хемптон, предводник на еден од најпознатите бендови од Чикаго, кој ја поканил Дајна да биде еден од неговите вокали. Со Хемптон, Дајна Вашингтон настапувала две години. Во 1943 година, 19-годишната пејачка го снимила својот деби сингл „Evil Gal Blues“. Сесијата ја организирал авторот на оваа композиција Леонард Федер, а во студиото била придружувана од секстет составен од членовите на оркестарот на Лајонел Хемптон.

Дајна Вашингтон се мажела осум пати, и имала два сина: Џорџ Кенет Џенкинс и Роберт Грејсон. Нејзини сопрузи биле:

  • Џон Јанг (1942-1943),
  • Џорџ Џенкинс (1949),
  • Волтер Бјукенан (1950),
  • саксофонистот Еди Чембл (1957),
  • Рафаел Кампос (1957),
  • Хорацио Мајар (1959-1960),
  • Џеки Хејс (1960),
  • Дик Лејн (1963).

Рано наутро на 14. декември 1963 година осмиот сопруг на Дина, Дик Лејн, изјавил дека, Дајна не реагирала на неговите обиди да ја разбуди. Подоцна, аутопсијата ја утврдила смртоносната комбинација на секобарбитал и амитал, што довело до нејзината смрт на 39 години.

Во 1946 г. Дајна Вашингтон ја започнала својата соло кариера. Со композиторот Леонардо Федер, Дајна морала да работи повеќе од една година. Нему му ги должи најдобрите ритам и блуз плочи од 1940-тите.

Во 1948 г. Дина Вашингтон започнала да работи под менторство на издавачката куќа Меркјури и снимила популарни џез и ритам и блуз композиции кои редовно се појавувале во првите десет црни хитови. Првите синглови „It's Too Soon to Know“, „Am I Asking Too Much“ и „Baby, Get Lost “ го достигнуваат врвот на R&B топ листите.

Дајна Вашингтон снимила десетици џез интерпретации со големи бендови и мали ансамбли. Најпознати - со Клифорд Браун, Кларк Тери, Бен Вебстер, а потоа и младиот Џо Завинул.

Во 1950 г се појавил нејзиниот деби албум „Песните на Дина Вашингтон“. Во следните осум години таа издала уште 15 албуми.

Во 1959 г. името на Дина Вашингтон станало светски познато. Прво, песната „Unforgettable“ се појавила во Топ 20 на поп-листите. Тогаш нејзината интерпретација на филмот на браќата Дорси What а Diff’rence а Day Маkеs", поставена на латиноамериканска болеро мелодија, која стигнала на 4то место на поп листата. Албумот „What a Diff'rence a Day Makes“ е наречен „еден од најважните албуми во историјата на женскиот вокал“.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Албуми

  • After Hours with Miss "D" (1954)
  • Dinah Jams (1955)
  • For Those in Love (1955)
  • Dinah! (1956)
  • In the Land of Hi-Fi (1956)
  • The Swingin' Miss "D" (1957)
  • Dinah Washington Sings Fats Waller (1957)
  • Dinah Sings Bessie Smith (1958)
  • Newport '58 (1958)
  • What a Diff'rence a Day Makes! (1959)
  • September In The Rain (1960)
  • Unforgettable (1961)
  • Drinking Again (1962)
  • Tears and Laughter (1962)
  • Back to the Blues (1963)
  • Dinah '63 (1963)
  • This Is My Story (1963)
  1. „Dinah Washington“. AllMusic. Посетено на June 27, 2014.
  2. „Dinah Washington | Music Biography, Credits and“. AllMusic. Посетено на 2014-06-27.
  3. Carney Smith, Jessie (1992). Notable Black American Women. VNR AG. ISBN 9780810391772. Посетено на June 27, 2014 – преку Google Books.
  4. Nadine Cohodas, Queen: The Life and Music of Dinah Washington, Random House, 2004. 978-0375421488

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]