Дафне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дафне
Опера од
Daphne chased by Apollo.jpg
Дафне бркана од Аполон, од Џовани Батиста Тиеполо, 1744
ИзворноDafne
ЛибретоОтавио Ринучини
ЈазикИталијански
СпоредДафне (митологија)
Премиерна изведба
Датум1598 (1598)
МестоПалацо Корси, Фиренца

Дафне е најрано дело што, според современите стандарди, може да се смета за опера.[1] [2] [3] Либретото од Отавио Ринучини е целосно зачувано; а претежно изгубената музика е компонирана од Јакопо Пери, но барем два од шесте зачувани фрагменти се од Јакопо Корси. Дафне прво била изведена за време на карневалот во Палацо Корси во 1598 година.[4]

Историјат[уреди | уреди извор]

Дафне е напишана за многу помал ансамбл од оперите на Клаудио Монтеверди (изведени за релативно кратко време по Дафне); и бил сочинет од чембало, лаута, виола, архилаута и три флејта.[5]  Пери во операта вклучил рецитативи и мелодичен говор вметнат во музика, како централен дел на операта.[6]

Се раскажува за Аполон кој се вљубил во нимфата Дафне. Операта е напишана за елитен круг хуманисти во Фиренца - Фиорентинска Камерата, меѓу 1594 и 1597 година, со поддршка, а можеби и соработка, од композиторот и покровител Јакопо Корси.[6] [7] Обидот за заживување на грчката драма,[5] според современите учења, бил непретпознатлив за старите Грци.[6]

Поголемиот дел од музиката на Пери е изгубена, и покрај популарноста и славата во Европа во времето кога била компонирана, но либретото од 455 стихови е отпечатено и е зачувано. Семејството Медичи кое владеело со Фиренца тоа време, било воодушевено со Дафне и дозволило следното дело од Пери, Евридика, да се изведе како дел од свадбата на Марија де Медичи и Хенри IV во 1600 година.[8] [9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sonneck, O. G. (1913). „"Dafne", the First Opera. A Chronological Study“. Sammelbände der Internationalen Musikgesellschaft. 15 (1): 102–110. JSTOR 929391.
  2. „How the Quest Was Won: OPERA (21/10/2005)“. ABC. Архивирано од изворникот на 19 May 2006. Посетено на 7 August 2007.
  3. „Travel Advisory; Opera's 400th Birthday Is Celebrated in Vienna“. The New York Times. 3 May 1998. Посетено на 7 August 2007.
  4. Edmond Strainchamps, "Corsi, Jacopo" in New Grove.
  5. 5,0 5,1 Otten, Joseph (1911). Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. Посетено на 7 August 2007.
  6. 6,0 6,1 6,2 Jacopo Peri – Dafne page
  7. Porter, William V. (1965). „Peri and Corsi's Dafne: Some New Discoveries and Observations“. Journal of the American Musicological Society. 18 (2): 170–196. doi:10.2307/830682. JSTOR 830682.
  8. „Music to the ears“. news.com.au. 27 November 2006. Архивирано од изворникот на 4 June 2011. Посетено на 7 August 2007.
  9. „Opera Before Gluck“. Music With Ease. Посетено на 7 August 2007.