Дамдин Сухбатор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дамдин Сухбатор околу 1920 г.

Дамдин Сухбатор (монголски: Дамдин Сүхбаатар, 2 февруари 1893 - 20 февруари 1923) бил монголски воен водач за време на револуцијата во 1921 г. Во монголската историја, тој е запомнет како една од најзначајните фигури во монголските напори за стекнување на независност.

Детство и младост[уреди]

Сухбатор е роден во Мајмајченг, кинеско трговско мести неколку километри оддалечено од Илк Хуре, како трето дете во неговата фамилија. Неговиот татко работел како работник и работел тешки работи. Кога Дамдин наполнил шест години, неговата фамилија се преселила во близина на рускиот конзулат. Тогаш тој научил руски јазик благодарение на тоа што секој ден играл со руските деца. На 14 годишна возраст, Дамдин имал голема среќа да се образува од професорот Зајсан Џамијан. После 16 годишна возраст тој почнал да работи како орто јавач (слично на курир). По прогласувањето на првата независност на Монголија во 1911, Сухбатпр бил регрутиран во монголската војска.

Во армијата на Богд Хан[уреди]

Во 1921, русите отвориле воено училиште во Хуџирбулан и Дамдин Сухбатор бил еден од војниците што биле испратени таму. Наговиот талент за воена тактика и неговите воени вештини како што се јавање и пукање му довеле почит од надлежните и после обуката тој станал заповедник на вод. Во 1913 тој се вселил во ново живеалиште со неговата жена Јанџма. Тогаш се родил неговиот прв син.

Во јуни 1914, Сухбатор бил замешан во бунт на војници против лошите услови на живот и корупцијата во армијата. Покасно, во 1917 година, Сухбатор бил испратен на источната монголска граница под команда на Хатанбатар Магсарџав. Покасно тој бил препратен во канцеларија за препишување даноци и будистички текстови.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Ургунге Онон, Монголски херои на 20 век, Њујорк 1976, стр. 143-192

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Монголија-био-никулец