Прејди на содржината

Дамаската порта

Координати: 31°46′54″N 35°13′49″E / 31.78158119108078°N 35.23021459579468°E / 31.78158119108078; 35.23021459579468
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дамаската порта

Дамаската порта ( исто така позната и како Shechem Gate или Nablus Gate ) е порта која се наоѓа во стариот град во Ерусалим.[1] Модерната градба на оваа порта била градена во 1542 година од страна на султанот Сулејман Величествениот.

Оригиналната врата била градена во времето на Вториот храм. Римјаните исто така ја изградиле во времето на Хадријан, во 2 век п.н.е. [2]. Арапите оваа порта ја нарекуваат Баб ел-Амуд. Оваа врата е северен влез на христијаните во Стариот град во Ерусалим во време на крстоносните војни.

Вратата се состои од две кули. До оваа локација се наоѓа арапскиот пазар. Во 1972 година од страна на Рабин Меир Кахан имало предлог оваа порта да биде соѕидена сè со цел да се заштити евреиското население од муслиманите. По протестот кој го упатила израелската влада кон муслиманите, исто така бил и одбиен предлогот на Кахан.

  1. LaMar C. Berrett (1996). Discovering the World of the Bible (3rd. изд.). Cedar Fort. стр. 61. ISBN 978-0-910523-52-3.
  2. Margoliouth, David Samuel (2010). Cairo, Jerusalem & Damascus: Three Chief Cities of the Egyptian Sultans. Walter S. S. Tyrwhitt, illustrator. Cosimo, Inc. стр. 329. ISBN 978-1-61640-065-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Поврзано

[уреди | уреди извор]

Стар град ( Ерусалим )