Прејди на содржината

ДНК-лигаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
ДНК-лигаза
ДНК-лигаза поправа хромозомско оштетување
Назнаки
EC-број6.5.1.1
CAS-број9015-85-4
Бази на податоци
IntEnzIntEnz view
BRENDABRENDA entry
ExPASyNiceZyme view
KEGGKEGG entry
MetaCycmetabolic pathway
PRIAMprofile
PDB структуриRCSB PDB PDBj PDBe PDBsum
Генетска онтологијаAmiGO / EGO

Во молекуларна биологија, ДНК-лигазата е посебен тип на лигаза (со ензимски код 6.5.1.1) која може да се поврзе за две комплементарни ДНК-низи кои се раскинати. Единечната раскината низа се фиксира (спојува) со различен тип на ДНК-лигаза која ја користи комплементарната низа како шаблон, но сепак е потребна ДНК-лигазата за да се создаде конечната фосфодиестерска врска за целосна поправка на ДНК.

ДНК-лигазите се употребуваат при поправката на ДНК и при репликацијата на ДНК. Исто така, ДНК-лигазата има широка употреба во лабораториите по молекуларна биологија во експерименти за генетска рекомбинација.

Механизам на дејство

[уреди | уреди извор]

Суштината на механизмот на ДНК-лигазата се состои во формирање на две ковалентни фосфодиестерски врски меѓу 3' хидроксилните краеви на еден нуклеотид со 5' фосфатниот крај на друг нуклеотид. За оваа лигазна реакција е потребен ATP. Дејството на ДНК-лигазата врз молекулата на ДНК се нарекува лигација.

Сликовит приказ за дејството на лигазата може да се даде на следниот начин (со лепливите краеви):

Лигазите ќе дејствуваат и со тапи краеви на ДНК, иако за ова се потребни различни ензимски концентрации и различни реакциони услови.

Лигази кај цицачите

[уреди | уреди извор]

Кај цицачите постојат четири посебни типови на лигази.

Некои форми на ДНК-лигаза кај бактериите (обично поголеми) побаруваат NAD како кофактор, додека други форми (најчесто присутни кај E. coli и обично помали) побаруваат ATP.