Грчко-македонска тупаница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Проглас на Грчко-македонската тупаница за забрана за користење на македонскиот јазик[1][2]

Грчко-македонска тупаница (грчки: Ελληνική Μακεδονική Πυγμή) била грчка националистичка и терористичка организација во Егејскиот дел на Македонија во периодот меѓу двете светски војни.[3][1] Формирана била во 1926 година по Грчко-турската војна, а дејствувала во Костурско, Леринско, Воденско, Кајларско итн.[3]

Дејствување[уреди | уреди извор]

Организирани групи ги крстосувале македонските села и го тероризирале македонското население за „доброволно“ да се иселува во Бугарија или во прекуокеанските земји (Канада, САД и Австралија). Со прогласи ги предупредувале Македонците (од 2 до 80 години) дека е строго забрането користењето на македонскиот јазик[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 138. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Во оригиналниот документ во склоп на грчката пропаганда да го негира македонскиот народ и јазик, македонскиот јазик го нарекува бугарски јазик.
  3. 3,0 3,1 Хр. Андоновски, Вистината за Егејска Македонија, Скопје, 1971
  4. С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981 - во оригиналниот документ не се зборува за македонскиот јазик, туку за бугарски што е нормално за грчката националистичка омаловажувачка политика.