Григориj Таронит

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Григориј Таронит)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Григориj Таронит
Γρηγόριος Ταρωνίτης
Ambush and death of Gregorios Taronites by the Bulgarians.jpg
Смртта на Григориj Таронит
Починал 991/995
Држава Византија
Чин дук на Солун
Војни востание на Варда Склир, Византиско-бугарски војни

Григориј Таронит (грчки: Γρηγόριος Ταρωνίτης) бил ерменски благородник и војвода од втората половина на 10 век кој служел во армијата на византискиот император Василиј II против царот Самуил и го дал почетокот на влијателното благородничко семејство во Византија[1].

Григориј Таронит бил син на Ашот, последниот владетел на ерменското кнежевство Тарот (северозападно од езерото Ван). По смртта на Ашот (кон 967 година) кнежеството било заземено од византискиот император Никифор II Фока[1][2]. Како компензација за наследството од кое се откажале, Григориј и неговиот брат Баграм добиле богати имоти во соседната област Халдеја и достојна положба меѓу византиската аристократија во својство на патриции. Освен со материјални ресурси, браќата Таронити продолжиле да имаат значително влијание меѓу сонародниците во источните покраини на империјата. Во 976 година, кога Варда Склир кренал востание против владата на младиот император Василиј II, двајцата застанале на страната на бунтовниците и ги предводиле ерменските трупи[3] .

Во следната граѓанска војна (987-989) Григориј ја зазел страната на василевса против узурпаторот Вардех Фока. Во почетокот на 989 ​​година, кога бунтовниците го зазеле азискиот брег на Босфорот, Василиј II го испратил Григориј Таронит со одред по море во Трапезунд. Оттаму ерменскиот војвода преминал во родните земји ирегрутирал армија од свои сонародници. Ова го принудило на Фока да испрати дел од своите сили против Таронит. Борбата завршила со пораз за Ерменците, поради интервенција на Давид III од Тао, но војната била освоена од императорот со загинувањето на Фока и поразот на неговите приврзаници во пролетта истата година[4].

По смирувањето на Мала Азија во 990 година Григориј Таронит бил назначен од императорот за гувернер на Солун со задача да ги сопре нападите на силите на цар Самоил. Учествувал во опсадата и заземањето на Бер. Загинал во битката кај Солун во 995 година[5]. Неговиот син, Ашот Таронит ја преживеал истата битка, продолжувајќи го родот на Таронитите во Византија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kazhdan, A. The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press, 1991. ISBN 0-19-504652-8, т. 3, стр. 2012-2013
  2. Степаненко, В. П. Чортванели, Торники и Тарониты в Византии. (К вопросу о существовании т. н. тайкской ветви торникянов), стр. 140-143 (във: Античная древность и средние века, №30, 1999, достъп от 31.05.2014)
  3. Greenwood, T. W. Armenian Neighbours (600-1045), стр. 357-358 (във: The Cambridge History of the Byzantine Empire c. 500 - 1492. Cambridge University Press, 2008. ISBN 978-0-521-83231-1, достъп от 31.05.2014)
  4. Treadgold, W. A History of the Byzantine State and Society. Stanford University Press, 1997. ISBN 0-8047-2421-0. Стр. 518
  5. Златарски, В. История на българската държава през Средните векове. Том 1. Част 2. София, „Наука и изкуство“, 1971. стр. 651, 653, 660;
    Павлов, Пл. Цар Самуил и „Българската епопея“. София/Велико Търново, 2002 (достъп от 31.05.2014)

Литература[уреди | уреди извор]

Vacant Управител (дук) на Солун
991–995
Наследник
Јован Халд